Дали Windows 10 треба да биде бесплатен за сите?

Microsoft не планира да прави нови оперативни системи, па наместо тоа само ќе објавува ажурирања за Windows 10 двапати годишно.

Со оглед на тоа дека Windows 7 веќе е „во пензија“, преминот на Windows 10 е најдоброто нешто што можете да го направите ако сте Windows корисник, токму бидејќи ова е единстената верзија што гарантирано ќе добива редовна поддршка и безбедносни ажурирања.

Меѓутоа, преминот на Windows 10 е многу повеќе од неколку клика.

За компаниите, на пример, надградбата од претходната верзија на оперативниот систем Windows 10 вклучува и други трошоци, како надградба на компјутерите за да може во целост да ги користат сите функции што доаѓаат со новиот OS.

За обичните корисници, постапката е малку полесна. Во нивниот случај сѐ се сведува на едноставна „миграција“ од стариот на новиот Windows. Меѓутоа, и на едните и на другите им е неопходна лиценца.

Ако не може бесплатно, барем нека е поевтино

„Луѓето веќе трошат многу пари за да го купат и опремат својот компјутер. Повеќето корисници пиратски го преземаат Windows и го оставаат така, без активација. Вие веќе заработувате доволно пари, не разбирам во што е поентата да има олку високи цени за еден оперативен систем“, прашува еден корисник на форумот за поддршка на корисници на Windows OS.

„Ако не може да биде бесплатен, Windows 10 Home нека чини 10 долари, а Windows 10 Pro може да чини 35 долари. Најверојатно и ќе заработувате повеќе, бидејќи повеќе луѓе ќе сакаат да го купат, како на пример јас“, додава истиот корисник, повикувајќи ја компанијата Microsoft да го направи оперативниот систем попристапен за сите, пренесува Softpedia.

Колку за споредба, лиценциран Windows 10 Home 64-bit OEM DVD кај нас чини  6.990 денари, а Windows 10 Pro 64-bit OEM DVD чини 8.990 денари.

Од друга страна, важно е да се напомене дека и понатаму може бесплатно да го надградите оперативниот систем од Windows 7 на Windows 10 ако имате важечки активационен код (License Key) за Windows 7, кој може да го користите за активација на Windows 10.

Тоа значи дека можно е бесплатно да се премине на Windows 10, но не знаеме до кога тоа ќе трае.

Дали вие сметате дека Windows 10 треба да биде бесплатен за сите и ако не, колку би биле подготвени да платите за него?

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Софтвер

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more

Microsoft во цел свет ги одвојува Teams и Office

Read more

Instagram има скриена игрица - како да се најде?

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе