Една нова студија дава одговор

Дали зголемениот внес на вода навистина го подобрува здравјето?

Колку пати сте слушнале дека треба да пиете повеќе вода затоа што тоа е добро? Сега, една нова студија го тестираше ова тврдење, испитувајќи докази од претходните студии за да се утврди дали зголемувањето на количината на вода што ја пиете навистина има здравствени придобивки.

Нашите тела се состојат од до 60% вода. Оваа важна течност придонесува за голем број основни функции, како што се регулирање на телесната температура, исфрлање на отпадот, делува како амортизер за мозокот и 'рбетниот мозок, производство на плунка и подмачкување на зглобовите.

Се советува да се пие одредена количина вода секој ден за да се спречи дехидрација, што може да ја попречи способноста на телото да ги извршува овие функции. Меѓутоа, надвор од тоа, какви придобивки има водата за пиење врз нашето целокупно здравје? Во новата студија предводена од Универзитетот „Калифорнија“ во Сан Франциско, истражувачите се обидоа да одговорат на тоа прашање.

„За таква сеприсутна и едноставна интервенција, доказите не беа јасни и придобивките не беа добро утврдени, па сакавме да погледнеме подетално“, вели Бенџамин Брејер, еден од авторите на студијата.

Истражувачите систематски ги прегледувале податоците од претходните рандомизирани клинички испитувања кои гледале како зголемувањето на внесот на вода влијае на здравјето и здравствените проблеми.

Во три студии, возрасните со прекумерна тежина и дебели рандомизирани да пијат 1,5 литри вода дневно пред оброците за 12 недели до 12 месеци имале поголемо губење на тежината од оние во контролната група.

Во една студија во која учествуваа 40 дијабетичари тип 2 дијагностицирани во последните пет години, дополнителен внес на вода предизвикал значителна разлика во нивото на гликоза во крвта.

Накратко, пиењето повеќе вода е поврзано со статистички значајни резултати за губење на тежината и избегнување на камења во бубрезите. Други индивидуални студии сугерираат дека пиењето повеќе вода има придобивки поврзани со спречување на главоболки, инфекции на уринарниот тракт и контрола на дијабетесот, но не достигнале статистичка значајност.

Истражувачите велат дека ниската цена и екстремно малата веројатност водата да предизвика негативни ефекти треба да поттикне подобро дизајнирани студии за да ги оценат здравствените придобивки предложени во поединечните студии што ги прегледале.

„Се покажа дека количината на ригорозни истражувања е ограничена, но во некои специфични области имаше статистички значајна придобивка“, вели Брејер.

Студијата може да се погледне тука.

Тагови
реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Уште една земја го призна Косово

Read more

Скокнаа цените на нафтата

Read more

Здравје

Храна што може да го намали ризикот од рак на желудникот

Read more

Како да го зајакнете имунитетот со едноставни промени во исхраната?

Read more

Најевтината храна за појадок го намалува холестеролот и дава енергија

Read more

Што се случува во телото по само пет дена јадење брза храна?

Read more
 

Магазин

Храна што може да го намали ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе
  • play_arrow

8 најдобри вежби за поголеми и посилни мускули на нозете

Читај повеќе
  • filter

Најдобрата дестинација во Европа за женско соло патување оваа пролет

Читај повеќе
  • filter

Се продава венчаницата што Меланија ја носеше на свадбата со Доналд Трамп пред 20 години

Читај повеќе

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереалниот план за лебдечки аеродром во Лондон вреден 76 милијарди долари

Читај повеќе

Две промени што треба да ги направите ако сте престанале да слабеете

Читај повеќе
  • play_arrow

Пилешко со компири во слатко-кисел сос

Читај повеќе
  • play_arrow

Урнебесни одговори: Mладите белграѓани не знаат кој бил Тито

Читај повеќе