Дали жените навистина се небезбедни возачи? Што покажува статистиката?

И покрај напорите за надминување на сите дискриминациони форми и напорите за отфрлање на сите стереотипи што постојат во општеството, за жал, одредени суптилни форми на стереотипи сѐ уште постојат, бавно се менуваат и тешко се отфрлаат. Еден од нив, кој со генерации наназад се провлекува и кој секојдневно го побиваме, е дека жените се лоши и небезбедни возачи.

По повод денот на жената, 8 март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата направи анализа на истражувањата и на анкетите на оваа тема, но и на она што покажуваат статистичките податоци.

На самиот почеток важно е да се потенцира дека, секоја поделба на возачите на машки и на женски  не е соодветна. Многу посоодветно е возачите да ги поделиме на одговорни и на неодговорни, без разлика на полот, возраста или на другите лични карактеристики. Позитивните и негативните примери и кај едните и кај другите се бројни, но интересно е да се види што покажува статистиката за тоа колку се безбедни жените и мажите во сообраќајот. 

Статистиката и фактите покажуваат дека жените се побезбедни возачи од мажите. Истражувањата на релевантни меѓународни организации, покажуваат дека мажите многу повеќе страдаат во сообраќајни незгоди во споредба со жените и многу често се предизвичкувачи на сообраќајни незгоди со сериозни фатални последици.

Според Светската здравствена организација, повеќе од 77% од смртните случаи во сообраќајот на патиштата се предизвикани од мажи, околу 72% од жртвите во сообраќајни незгоди се лица од машки пол, а според податоците на светските осигурителни компании, околу 80% од штетите направени во сообраќајниот систем се направени од мажи.

Младите машки лица многу повеќе предизвикуваат сообраќајни незгоди со тешки и со фатални последици во споредба со младите женски лица.

Една сообраќајна студија направена во Њујорк, покажува дека 80% од незгодите во кои загинати или тешко повредени се пешаци, се предизвикани од возачи од машки пол. Истражувањата на тамошните осигурителни компании, покажуваат дека веројатноста жените да предизвикаат сообраќајна незгода со сериозни последици, е помала во однос на машките возачи и токму затоа во наредниот период се очекува една нова тенденција на намалуваање на цените за осигурување за жените возачи.

Истражувањата покажуваат дека машките возачи прават повеќе сообраќајни прекршоци, отколку женските возачи. На пример, соодносот на санкционирани машки и женски возачи во САД е следен: за возење под одвлечено влијание е 3,09 спрема 1 во однос машки и женски возачи, користење безбедносни појаси - 3,08 спрема 1, брзо возење - 1,75 спрема 1 итн.

По однос на прашањето дали мажите или жените се побезбедни возачи, експертите велат дека жените се побезбедни и посмирени во сообраќајот, додека мажите се поагресивни и понестрпливи. Машките возачи имаат поголема самодоверба, склони се за преземање ризик и затоа поголема е веројатноста да направат грешки, односно машките возачи повеќе го потценуваат ризикот и опасноста во сообраќајот.

Анкетите и истражувањата покажуваат дека мажите, за разлика од жените, подобро се запознаени со опремата за безбедност во возилата. Мажите знаат дека постои електронска контрола на стабилноста која помага да се спречат незгоди со превртување на возилото, потоа мажите подобро се служат со помошниот алат, поприсебно се однесуваат во случај на сообраќајна незгода, подобро се снаоѓаат во мал простор со тешки маневри, побрзо паркираат итн. Токму ова создава лажна перцепција дека мажите се подобри и побезбедни возачи од жените.

Според РСБСП, во Република Македонија, во просек, околу 70 до 80% од жртвите во сообраќајни незгоди се од машкиот пол, а 20-30% од женскиот пол. Истражувањата, анализите и реалноста, покажуваат дека жените се многу внимателни возачи, одговорни се и се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи. Брзото и агресивно однесуваање во сообраќајот, не е својствено за жените. Ретко може да се види жена да ги потценува последиците од управување моторно возило под дејство на алкохол. Анкетно истражување направено од РСБСП минатиот период, покажува дека 60% од жените-возачи во Република Македонија се убедени дека тие се подобри возачи од мажите, 88% од жените сметаат дека агресивното однесување во сообраќајот е карактеристично за мажите, 60 % сметаат дека мажите се неодговорни учесници во сообраќајот, 63 % сметаат дека мажите и жените се рамноправни учесници во сообраќајот, а 37% сметаат дека мажите се доминантни и не ги почитуваат жените како рамноправни учесници во сообраќајот. Најголемиот дел од жените сметаат дека мажите се агресивни и тоа сериозно им пречи и им влијае во сообраќајот.

Имајќи го предвид наведеното, РСБСП апелира до сите возачи да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да бидат дефанзивни учесници во сообраќајот, затоа што последиците се трагични, огромни и ненадоместливи,  независно од полот, возраста, националноста или која било друга индивидуална карактеристика на предизвикувачот на незгодата или на жртвата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе