Дали жените заработуваат помалку од мажите бидејќи не преговараат за покачувања како нив?

Поранешната извршна директорка на Pepsi Co. Индра Ноји, една од ретките не-белци која некогаш водела голема американска компанија, вели дека никогаш не барала покачување на платата и еднаш го одбила за време на финансиската криза.

„Никогаш, никогаш не сум побарала покачување. Сметам дека тоа е срамно. Не можам да замислам да работам за некого и да кажам дека мојата плата не е доволна“, изјави Ноји за New York Times Magazine.

Само 31 жена управуваат со компании на берзанскиот индекс S&P 500, а тој број дополнително опадна откако Ноји поднесе оставка во 2018 година. Жените исто така заработуваат помалку од нивните машки колеги на исти позиции.

Во последната година од работата, Ноји не се најде ни блиску до врвот на листата на најплатени директори во американските компании, ниту пак повеќето други жени.

Таа година, Сафра Кац од Oracle беше најплатената директорка на рангирањето на Bloomberg, рангирана на 33-то место.

„Никогаш не сум побарала од одборот да ми даде повеќе пари. Всушност, една година одборот ми даде покачување и јас реков дека не сакам. Ме прашаа зошто? Тоа беше веднаш по финансиската криза и јас реков не сакам покачување“, објасни Ноји.

Додека Ноји сè уште беше во Pepsi, многу студии покажаа дека жените не преговараат за нивните плати толку често како мажите, што потенцијално придонесува за родовиот јаз во платите.

Американската бизнисменка Шерил Сандберг во својата книга „Lean In“ им кажа на жените дека само треба да побараат и ќе го добијат тоа што го бараат. Оттогаш, истражувањата на McKinsey & Co. и LeanIn.org покажаа дека жените се вклучени во процесот исто како и мажите. Но, сѐ уште постојат разлики, тие се со помала веројатност да добијат покачување, што би можело да го објасни нивното првично воздржување.

Ноји денес е на одборот на Amazon.com и неодамна објави мемоари со наслов „My Life in Full“.

По нејзиното заминување од Pepsi, платите на директорите се зголемија, но минатата година само пет жени беа меѓу 100-те најплатени бизнис лидери во Америка.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе