Дали животот на Земјата има вонземско потекло?

Две органски соединенија неопходни за живите организми, пронајдени во примероците од астероидот Рјугу, ја поддржуваат теоријата дека некои состојки клучни за појавата на живот на Земјата пристигнале во карпите од вселената пред милијарди години.

Научниците во вторникот објавија дека откриле урацил и ниацин во карпите земени од две локации на Рјугу од сондата Hayabusa2 на јапонската вселенска агенција во 2019 година. Урацилот е еден од хемиските градбени блокови кои ја сочинуваат РНК, молекулата која носи инструкции за создавање и функционирање на живите организми.

Ниацинот, наречен и витамин Б3 или никотинска киселина, е од суштинско значење за метаболизмот на живите организми и е откриен во истите примероци.

Темносиви честички

Примероците од Рјугу, кои изгледаа како темносиви честички, беа транспортирани на 250 милиони километри патување назад до Земјата и вратени на површината на нашата планета во запечатена капсула, која слета на австралиска почва во 2020 година и беше испратена во Јапонија за понатамошна анализа.

Научниците долго размислувале за тоа кои услови биле неопходни за појава на живот по формирањето на Земјата пред приближно 4,5 милијарди години. Новите откритија одлично се вклопуваат со хипотезата според која молекулите на живиот свет пристигнале на Земјата во рана фаза преку комети или астероиди кои носат соединенија кои го отвориле патот за првите живи организми - микробите.

Научниците претходно открија клучни органски молекули во метеоритите богати со јаглерод пронајдени на Земјата. Но, се наметна прашањето дали овие вселенски карпи биле контаминирани по падот на Земјата поради изложеноста на животната средина на Земјата.

URL
„Клучно откритие“

„Нашето клучно откритие е дека урацилот и ниацинот, обајцата од биолошко значење, се навистина присутни во вонземски средини и можеби пристигнале на ‘младата Земја’ како составни делови на астероиди и метеорити. Веруваме дека тие одиграле улога во еволуцијата на пребиотици на Земјата, како и во потеклото на првиот живот“, рече астрохемичарот Јасухиро Оба од Универзитетот Хокаидо во Јапонија, главен автор на студијата објавена во вторникот во списанието Nature Communications.

„Овие молекули на Рјугу беа пронајдени во недопрена вонземска средина“, рече Оба, додавајќи: „Веднаш беа земени примероци од астероидот Рјугу и вратени на Земјата и завршија во лаборатории без претходен контакт со копнени загадувачи“.

Органскиот астрохемичар и ко-автор на студијата Јошинори Такано од Јапонската агенција за морска и земјина наука и технологија (JAMSTEC) рече дека со нетрпение ги очекува резултатите од анализата на примероците што ќе бидат вратени на Земјата во септември од друг астероид, Бену.

Американската вселенска агенција НАСА собра примероци од тој астероид како дел од мисијата OSIRIS-REx во 2020 година.

реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Наука

Што ќе се случи ако ја снема Месечината?

Read more

Најголемите езера во светот драстично се намалуваат

Read more

Опаѓа бројот на речиси половина од животинските видови во светот

Read more

Дали месото одгледано во лабораторија е полошо за климата отколку говедското месо?

Read more
 

Гик

Како да проверите дали некој ви ја „хакнал“ лозинката?

Читај повеќе

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Читај повеќе

Кина првпат испраќа цивилен астронаут во вселената

Читај повеќе

Нови детали за телефонот кој треба да биде конкуренција на iPhone

Читај повеќе

Јапонија планира да пренесува соларна енергија од вселената на Земјата

Читај повеќе

Париз предупреден: Денеска ќе „наврне“ 40 килограми пластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Стигна конкуренцијата: Полета првиот кинески патнички авион C919

Читај повеќе

Twitter се повлече од доброволниот кодекс на ЕУ во борбата против дезинформации

Читај повеќе
  • play_arrow

Компанија на Маск доби дозвола да тестира мозочни чипови на луѓе

Читај повеќе