Дали знаете која е разликата меѓу космонаут и астронаут?

Многу луѓе често ги мешаат овие два поими што и не се разликуваат многу во суштина, но разликите се сепак важни за оние кои ги имаат овие титули.

Роберт Фрост, кој има обучувано астронаути за NASA, ESA, JAXA, CSA и RSA за работа на Меѓународната вселенска станица, дава одговор на прашањето: која е разликата меѓу космонаут и астронаут?

Космонаути се професионалци обучувани и сертифицирани од Руската вселенска агенција за работа во вселената. Астронаути се луѓе обучувани и сертифицирани од NASA, ESA, CSA или JAXA за работа во вселената.

Иако двата термини можеби делуваат функционално еквивалентни, се разликуваат во оперативните философии на различните вселенски агенции, кои пак резултираат во различни вештини и знаења.

Сепак, разликата пред и над сѐ, се прави од чисто почитување. Русите имаат долга историја во освојувањето и проучувањето на вселената. Тие први испратија човек во вселената и го држат рекордот за најдолго поминато време во вселената за поединец, мисија и кумулативна кариера. Исто така го држат рекордот за најголем број „вселенски прошетки“. Секој космонаут кога ја добива титулата ја става и наметката што некогаш ја носел Јуриј Гагарин. Да се бара од нив да се откажат од таа титула само поради конформитет и унификација би било знак на непочитување.

Треба да се нагласи дека секој кој отишол во вселената не е астронаут, односно космонаут, има и луѓе кои се пилоти, специјалисти за мисија, специјалисти за товар, технички специјалисти итн.

Remote video URL
реклама
Меланија Трамп доби прв портрет како Прва дама на САД

Меланија Трамп доби прв портрет како Прва дама на САД

Read more
НАТО ја појасни процедурата за зачленување на Македонија

НАТО ја појасни процедурата за зачленување на Македонија

Read more
Николас Кејџ откри зошто одбил улога во „The Lord of the Rings“

Николас Кејџ откри зошто одбил улога во „The Lord of the Rings“

Read more
Без инциденти заврши првата Парада на гордоста во Сараево

Без инциденти заврши првата Парада на гордоста во Сараево

Read more

Чек дис аут

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

„Наркомачка“ фатена како шверца дрога во затвор во Костарика

Read more

15 најнеобични летечки возила

Read more

Прошетка низ Битола од 60-тите и 70-тите

Read more
 

Магазин

Најлошиот начин за складирање леб: Поттикнува расипување и мувла

Читај повеќе

Мотивацијата за вежбање најмногу опаѓа на одредена возраст

Читај повеќе

Што значи кога кучињата ги испружуваат шепите кон сопствениците?

Читај повеќе

Разбивање митови: Паста за заби на мозолчиња - да или не?

Читај повеќе

Колку време треба да помине за да го преболите бившиот?

Читај повеќе

Како правилно да нанесете парфем за да трае подолго?

Читај повеќе

Пролетна салата со макарони, варени јајца и ротквици

Читај повеќе

Зошто мажите загадуваат повеќе од жените?

Читај повеќе

Кој алкохол е најмногу штетен за срцето?

Читај повеќе