Дама во црвено: Викторија Бекам
Модната дизајнерка и бизнисменка Викторија Бекам со уште едно впечатливо издание покажа зошто е современа модна икона.
Утрово таа се појави на улиците на Лондон облечена во впечатлива комбинација во црвена боја од глава до пети: скарлетно црвена плетена ролка, лелеаво здолниште и високи кожени чизми од нејзината колекција VBPreSS19.
Викторија (44) беше вистинска дама во црвено на средбата со клиентите по повод нејзината соработка со Harry’s bar.