УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Д'Амброзио: Нѐ чека тешка битка, но имаме победнички менталитет

Вечерва ќе се бие тешка битка во групата Б каде сите сценарија се можни бидејќи сите четири тимови се во игра за пласман во одминафиналето.

Во Милано ќе има пресметка на Интер и Шахтар, а на двата тима им е потребна победа.

Латералниот дефанзивец на „Нераѕурите“, Данило Д'Амброзио, го сподели своето мислење во пресрет на вечерашниот „да се биде или не“ натпревар.

„Она за кое најмногу жалиме е што оставивме пласманот да ни зависи од самиот крај. За потоа да нема уште нешто за жалење мораме да ги освоиме трите бода. Очекуваме навистина тежок натпревар и ќе мора да ја држиме концентрацијата на високо ниво бидејќи Шахтар има квалитет да ни направи пробелми. Ќе мора да дадеме 110 посто за да дојдеме до победата“, вели тој.

Д'Амброзио е познат како неуморен војник и е еден од најголемите борци на Антонио Конте. Голем плус за него како играч е што може да игра на неколку позиции.

„Минатата година играв повеќе како латерален бек, а потоа како еден од тројцата дефанзивци. Шефот ни овозможува повеќе варијанти за да бидеме подготвени да покриваме повеќе позиции на теренот. Така да мојата позиција не е важна, туку колективитетот е важен, како и остварување на поставените цели“.

На новинарско прашање дали овој тим на Интер е најсилен откако тој е дел од клубот, Данило не можеше да каже. Тој го носи црно-синиот дрес од јануари 2014 кога дојде од редовите на Торино.

„Тука сум многу години, но не можам да направам споредба. Во однос на минатото, нашиот начин на игра и самиот пристап кон овој дрес се променети. Сигурен сум дека ќе ја минеме групава бидејќи имаме победнички менталитет“.

Интер и Шахтар играат вечер од 21 часот, а во истото време во Мадрид ќе се сретнат Реал и Борусија од Менхегладбах.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Фудбал

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Read more

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Read more

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Read more

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Џеко на 38 години истрча од гол на гол за девет секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Како беше на скопското дерби Работнички - Вардар?

Читај повеќе

Проклетството на Кејн ја уништи трофејната низа на рекордерот Коман

Читај повеќе
  • play_arrow

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Читај повеќе

Откриено зошто колабираше Ндика, немал срцев удар

Читај повеќе

Сега почнува спектаклот: Познати се сите плеј-ин парови и учесници во плеј-офот

Читај повеќе

Спектакл во Тексас, Вињалес влезе во историјата на кралската класа

Читај повеќе
  • filter

Неверојатни сцени на прославата во Леверкузен: Навивачите не издржаа и влетаа пред 90-та

Читај повеќе
  • play_arrow

Хет-трик на телохранителот на Меси – запре 3 навивачи на еден натпревар

Читај повеќе