Данците се откажаа, двата квалификациски турнира ќе бидат во Скопје

Одлични вести ни доаѓаат од Луксембург: Данците се откажаа, двата квалификациски турнира ќе бидат во Скопје, соопшти Одбојкарска федерација на Македонија.

Откако лани имаа успешно деби на европските првенства, целта на македонските одбојкари е да остварат постојаност во учествата на континенталните собири. Шансата за тоа се зголемува со оглед дека нашиот главен конкурент во групата го откажа настапот во јануарските квалификации за претстојниот собир во септември 2021.

Поради ковид-ограничувањата, Данска нема да игра, па нашата селекција ќе се надмудрува со Турција и со Босна и Херцеговина за европска виза. Тоа е добра перспектива, ако се знае дека македонскиот национален тим е 49-та светска сила според актуелната ранг-листа на ФИВБ, а ЦЕВ го задржа форматот според којшто ќе бидат одредени 24-те репрезентации коишто ќе играат на шампиoнатот во Полска, во Чешка, во Естонија и во Финска.

Првопласираните репрезентации од седумте квалификациски групи, како и петте најдобри второпласирани, ќе обезбедат европска виза. По откажувањето на Данците, за втор пласман во елитата едноподруго, според првичните калкулации, на генерацијата на капитенот Никола Ѓорѓиев ќе и бидат потребни две победи против Босна и Херцеговина со 3:0 и со 3:1, како и барем бод од двомечот со фаворитот Турција. Доколку црвено-жолтите успеат да освојат барем два сета во еден од натпреварите против 29-тата репрезентација на ранг-листата на ФИВБ, тогаш огромна ќе биде веројатноста повторно да играме на ЕП. Босанците се 69-ти на скалата, па со нив очекуваме максимални шест бода без загубен сет, затоа што објективно имаме поголем индивидуален квалитет, а и ќе сервираме против нив од позиција на 49-то рангирана светска сила.

Откако успешно аплицираше за организација на двата квалификациски турнира, ОФМ дополнително треба да го одреди и да го соопшти календарот и термините за натпреварите коишто ќе бидат одиграни во салата „Борис Трајковски“’ во Скопје. Перидот ќе биде од 10 до 17 јануари.

Извор: www.vfmkd.mk

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе