Данела „на апарати“: Бесплатен јавен превоз во Белград од Нова година

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, најави дека јавниот превоз во Белград од 1 јануари 2025 година ќе биде бесплатен за сите, пренесува N1 Srbija.

„Од 1 јануари 2025 година целиот јавен превоз во Белград ќе биде бесплатен. Тоа значи дека веќе никој нема да мора да плаќа билет. Нема веќе месечни, годишни или попусти. Со оваа социјална мерка, Белград станува единствениот град во Европа со повеќе од половина милион луѓе кои имаат бесплатен превоз“, рече Шапиќ на прес-конференција.

„До крајот на 2025 година нема да има автобус постар од две години на улиците, па дури и тие две или две и пол години ќе бидат само оние што ги купивме на крајот на 2022 година, бидејќи е грев да не да ги користат тие возила затоа што се навистина нови. Сите останати ќе бидат од 2023 и 2024 година“, рече Шапиќ.

Тој додаде дека првиот од 25-те трамваи што Градот ги купи од турската компанија Bozankaya ќе почне да пристигнува следната година.

„А, до крајот на 2027 година си поставивме задача да обезбедиме средства за сите тролејбуси, тоа се 100 тролејбуси и овие другите 100 трамваи или 120 трамваи, да ги купиме, ќе видиме дали ќе биде преку јавно-приватно партнерство, ако сакаме нешто да осигураме. Најважно е да ги добиеме новите возила што е можно побрзо“, рече тој.

Во меѓувреме, градоначалничката на главниот град на Македонија, Данела Арсовска, се препукува со политичките неистомисленици и не знае ни каква е состојбата со јавниот превоз во Скопје.

Запрашана за тоа уште за колку дена ЈСП Скопје има нафта за автобусите од интервентната набавка и кога ќе се распише тендер, таа рече дека не би знаела да одговори.

„Јас не распишувам ништо ново, тоа би требало како прашање да го упатите до директорот на ЈСП“, посочи Арсовска.

реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

4 најсреќни хороскопски знаци за време на владеењето на Водолија

Read more

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Read more

Сончева бура каква што не е забележана 20 години ја погоди Земјата

Read more

Регион

Црна Гора ќе вработи речиси 30.000 странски работници

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Непалските работници во Хрватска штрајкуваа поради ниски плати и лоши услови

Read more

Пратеничка ја удри струја во хрватскиот парламент

Read more
 

Вести

МВР алармира: Граѓаните да не отвораат лажни пораки наводно испратени од Безбеден град и да не споделуваат лични податоци

Читај повеќе

САД веќе купиле острови од Данска – меѓу нив и озлогласениот остров на Епстин

Читај повеќе

Фредериксен: Нема да го продадеме Гренланд и покрај заканите од САД

Читај повеќе

МВР го пронајде возачот кој се снимаше додека вози со 293 км/ч

Читај повеќе

Утре снежни врнежи, наместа снежната покривка ќе се зголеми и до 25 сантиметри

Читај повеќе

Детали за падот на судијата: Полицијата ја тргнала плочката, а зад неа 350.000 евра скриени во ѕидот

Читај повеќе

Уапсен водич на навивачка група во Тетово

Читај повеќе

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Читај повеќе

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Читај повеќе