Дани Алвес очекува да стане милијардер откако започна интересен бизнис

Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвес започна интересен бизнис откако по 14 месеци излезе од затвор и почна да им се враќа на нормалните животни активности.

Бразилецот беше пуштен на условна слобода на 25 март откако плати кауција од еден милион евра, а сега е подготвен за нови деловни потфати.

Алвес започна бизнис со кој ќе стане пионер на интернет, а станува збор за платформа наречена Voxtom со која се надева дека ќе стане милијардер и која директно се соочува со Tinder, Meta, X и другите гиганти во светот на социјалните мрежи.

„Дали некогаш сте замислиле да организирате и најдете секакви настани во една апликација? Со Voxtom имате целосна платформа за управување со сè, од мали прослави, како родендени, до големи настани, како што се концерти и фестивали. Сè што ви треба е овде, со практичност и ефикасност да се трансформира секој настан во неверојатно искуство“, се вели на веб-страницата на платформата.

Оваа апликација сака да биде организатор на состаноци и беше лансирана со посебен фокус на бразилскиот пазар. Платформата веќе има 25.000 следбеници на Instagram и е особено фокусирана на собирање пријатели и организирање забави. Всушност, една од основните цели е да ги поврзе луѓето и да им олесни да се запознаат едни со други.

Алвес се надева дека ќе има повеќе среќа во овој бизнис отколку во претходните што ги започна, а кои беа поврзани со угостителството. Бразилецот претходно се испроба во кетеринг со рестораните Boteco Fogo и Alquimia Fogo, но набргу по отворањето беше принуден да ги затвори поради неликвидност.

Инаку, Бразилецот никогаш официјално не ја заврши кариерата, но јасно е дека завршил со играњето фудбал на највисоко ниво. Последниот ангажман му беше во мексиканскиот УНАМ, а претходно играше за Барселона, Саун Паулу, ПСЖ, Јувентус, Севиља и Баиа.

Најдлабока трага остави во Барселона со 408 настапи, а со 43 освоени трофеи во текот на кариерата е меѓу најтрофејните фудбалери на сите времиња. За репрезентацијата на Бразил има 126 настапи.

Тагови
реклама

Божиќен подарок за Путин: Еден од најголемите сојузници на Украина ѝ врти грб

Read more

Податоците од НАСА покажуваат дека 3I/ATLAS одеднаш забрзал и ја променил траекторијата по перихелот

Read more

Почнува ретрограден Меркур: Што ќе му донесе на вашиот хороскопски знак?

Read more

Подгответе совршено домашно топло чоколадо

Read more

Фудбал

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Read more

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Read more

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Read more

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Read more
 

Спорт

Албанската одбојкарска федерација бара од бразилска репрезентативка да докаже дека е жена

Читај повеќе

Одреден е датумот на жрепката за плејофот за СП – Македонија е блиску до место во баражот

Читај повеќе

„Протекоа“ информации од клубот: Холанд догодина во Реал Мадрид?

Читај повеќе

Роналдо откри зошто не беше на погребот на Жота

Читај повеќе

Скандал го тресе турскиот фудбал: Притвор за 17 судии

Читај повеќе

Еден месец ги чини 40.000 евра – клубот го моли Депај да го напушти хотелот

Читај повеќе

Факти за Големата награда на Бразил, спектаклот е загарантиран

Читај повеќе

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Читај повеќе

Милевски: Нашите играчи се феномени, со мала клупска минутажа даваат максимум во репрезентацијата

Читај повеќе