Фудбал

Даниел Џејмс е првото засилување на Манчестер Јунајтед

21. мај 2019 - 19:04 | К.З.

Англискиот гигант Манчестер Јунајтед го обезбеди првото засилување за новата сезона. Се работи за Даниел Џејмс, 21-годишен крилен играч кој оваа сезона го носеше дресот на Свонси и ги импресионираше скаутите на повеќе клубови во Островот.

За сума од 15 милиони фунти, Даниел Џејмс ќе го промени белиот дрес на Свонси со оној далеку попопуларниот, црвениот на Манчестер Јунајтед.

Младиот Велшанец веќе ги договорил личните услови и сега само се чека официјална потврда за трансферот, откако тој ќе ги помине медицинските прегледи и ќе се збогува со досегашните соиграчи.

Џејмс е првото засилување за Манчестер Јунајтед за наредната сезона, а летото кое претстои би требало да биде зафатено и бурно за раководството на клубот, доколку сакаат конечно да станат конкурентен играч во Премиер лигата.

Во изминатата сезона Даниел Џејмс забележа 33 лигашки настапи, во кои постигна 4 гола и имаше 9 асистенции, а притоа и дебитираше за репрезентацијата на Велс.

Коментирај