Даниел Крег истражува мистериозно убиство во трејлeрот за „Knives Out“
Објавен е првиот трејлер за филмот „Knives Out“ во кој главните улоги ги толкуваат Даниел Крег, Крис Еванс, Џејми Ли Кутрис, Мајкл Шенон, Кристофер Пламер, Дон Џонсон и други. Трејлерот содржи елементи од драма, хумор, трилер и ветува добра содржина на мистерија.
Режисер на филмот е Рајан Џонсон, а премиерата е закажана за 27 ноември. Даниел Крег е во улога на детектив и го истражува мистериозното убиство 85-годишниот крими писател Харлан Тромбеј (Пламер), кој е пронајден мртов на неговата роденденска забава.