Филм & ТВ

Даниел Крег се повреди на снимањето на „Bond 25“, прави операција на глуждот

23. мај 2019 - 15:11 | А.С.

Актерот Даниел Крег ќе прави операција на глуждот откако се повреди на снимањето на новиот филм за Џејмс Бонд во Јамајка.

На официјалниот Twitter профил за „Bond 25“ вчера беше соопштено дека со снимањето ќе се продолжи по две недели, откако Крег ќе закрепне од операцијата.

Минатата недела извор на Page Six изјави дека 51-годишниот актер го повредил глуждот додека снимал акциона сцена, додавајќи уште една точка на листата незгоди што му се случиле откако го игра тахниот агент 007.

Крег наводно се лизнал на пристаниште.

Актерот скрши два заба додека го снимаше „Casino Royale“, си пресече прсти на снимањето на „Quantum of Solace“ и го повреди коленото на сет за „Spectre“.

Филмот „Bond 25“ ќе има премиера во април, 2020 година.

Коментирај