Даниел Рикардо најави повлекување од Ф1

Ф1
Ф.З.
/ 06.02.2023 / 15:37

По 11 години како стартен возач во Ф1, австралискиот возач со италијанско потекло одлучи да се повлече и претстојнава сезона да биде резервен возач во тимот на Ред Бул Рејсинг.

Возачот на Мекларен, 33-годишниот Даниел Рикардо, нема да го гледаме на патеките во новата 2023 сезона. Тој одлучи да се повлече од активното возење и да стане тест, односно резервен возач во таборот на Ред Бул.

За австралискиот возач тоа значи враќање кај популарените „Бикови“ кои претходно му помогнаа да стигне до Ф1 и со кои ги оствари најголемите успеси во овој спорт.

Како трет возач Рикардо ќе минува повеќе време во симулаторот на Ред Бул во Милтон Кинс, а покрај тоа ќе учествува и во разни маркетиншки и промотивни настани. За време на претставувањето на боите на Ред Бул за 2023 година во Њујорк, Австралиецот најави дека неговото прво гостување на трка во новата сезона ќе биде на Големата награда на Австралија, на крајот на март и почетокот на април.

„Почетокот на сезоната ќе го гледам на телевизија, што ќе ми врати некои спомени. Потоа ќе бидам во Мелбурн, на мојата прва трка откако не сум помеѓу возачите. Ќе ги почувствувам атмосферата, вревата, звуците, мирисот, сѐ одново... Тоа многу ќе ми каже за мојата иднина. Ќе дознаам дали сакам да се вратам, или ќе сакам да бидам навивач, ќе видиме. Мелбурн дефинитивно многу ќе ми каже за мојата иднина“, изјави Рикардо пред новинарите во Њујорк.

Самиот неодамна призна дека одбрал да не се натпреварува во 2023 после двете мачни сезони во Мекларен во кои беше засенет од многу помладиот Ландо Норис. Во составот на британскиот тим Рикардо ќе биде заменет од својот сонародник Оскар Пјастри, кој оваа сезона ќе дебитира во Ф1. Пјастри минатата сезона беше тест возач за Алпин.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Ф1

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Read more

Жалбата прифатена - Алонсо се врати на подиумот

Read more

Верстапен: Не гледам поента во новиот формат на квалификации

Read more

Хамилтон: Не ме слушаа кога им зборував за проблемите на болидот

Read more
 

Спорт

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Читај повеќе

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Читај повеќе

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Читај повеќе

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Читај повеќе

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси не може ни да вечера на раат во Аргентина

Читај повеќе

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Читај повеќе

Дешан го избра новиот капитен на Франција

Читај повеќе