Ракомет

Данило Брестовац суспендиран од ЕХФ за неспортско однесување

12. октомври 2018 - 21:00 | МИА

Скопје, 12 октомври 2018 (МИА) -  ЕХФ му изрече суспензија од еден натпревар на тренерот на Металург, Данило Брестовац,  и тој нема да може да го води тимот на гостувањето кај Чеховски медведи во рамките на петтото коло во Лигата на шампиони.

Брестовац на претходната средба кај Силкеборг во Данска беше исклучен и мораше предвреме да го заврши натпреварот поради бурната реакција кон судиите и делегатот.

Органите на ЕХФ не толерираат неспортско и агресивно однесување, па му доделија казна од еден натпревар.

Од македонскиот клуб можат да се жалат на одлуката во рок од седум дена, но тоа нема да има некаков ефект во однос на утрешниот натпревар.

За Металург, кој сезонава тешко се справува со лошите резултати во Лигата на шампионите каде има четири порази на исто толку натпревари, отсуството на тренерот Брестовац ќе биде дополнителен проблем.

Коментирај