Данската полиција целосно го блокираше сообраќајот кон Германија и Шведска, објави BBC.
Во тек е голема полициска операција, соопштија службите.
Сообраќајот е блокиран на мостот Оресунд што ги спојува Данска и Шведска, а во прекин е и сообраќајот на траекти и возови.
Данската полиција по блокирањето на сообраќајот соопшти дека трага по тројца патници во црно „волво В90“ со регистарски таблички ZBP546, обвинети за „тежок криминал“.
Шведскиот весник „Афонбладет“ објави дека „тешкиот криминал“ за кој се товарат лицата во бегство е киднапирање.