КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Данска и Швајцарија отидоа на ЕУРО, Италија броеше до 9

Уште две репрезентации изборија пласман на Европското првенство на кое Италија замина со стил откако ја понижи Ерменија победувајќи ја со неверојатни 9:1.

Група Д

На Швајцарија ѝ беше потребен само бод, но со оглед на тоа што гостуваше кај слабиот Гибралтар и со комбинирам состав дојде до убедлива победа. Можеби примија 6 голови, но Гибралтарците и тоа како му се радуваа на погодокот на Стајш, само трет за нив во овие квалификации.

Гибралтар - Швајцарија 1:6
74' Рис Стајш - 10', 84' Седрик Итен, 50' Рубен Варгас, 57' Кристијан Фаснахт, 75' Лорис Бенито, 86' Гранит Џака

Ирска и Данска играа директен решавачки дуел за тоа кој ќе патува на ЕУРО. На Ирците им беше потребна победа, додека Данците и реми ги носеше на завршницата. Во 73-тата минута при едно нафрлување домашната одбрана заборави на Бретвејт кој непречен од никого ја замолкна публиката на „Авива“ стадионот во Даблин. Надеж за Ирците донесе Доерти кога со глава заби на пет минути пред крајот, но Ирска потоа не успеа да дојде до победнички гол.

Ирска - Данска 1:1
85' Мет Доерти - 73' Мартин Бретвејт

Конечна табела:
1. Швајцарија 17
2. Данска 16
3. Ирска 13
4. Грузија 8
5. Гибралтар 3

Група Ф

Шпанија многу полесно од очекуваното ја среди Романија кој и не пружи никаков отпор. Уште по првите 45 минути „Фуријата“ водеше со 4:0 и да запнеа повеќе во вториот дел на крајот можеа да слават многу поубедлива победа.

Шпанија - Романија 5:0
8' Фабијан Руис, 33', 43' Жерар Морено, 45'+1 (аг) Адријан Руш, 90'+2 Микел Ојарзабал

И Швеѓаните имаа прилика да настапат со комбиниран состав давајќи им шанса на играчи со помала минутажа и дебитанти. Фарските Острови и во таква ситуација немаа што да бараат во Стокхолм.

Шведска - Фарски Острови 3:0
29' Себастијан Андерсон, 72' Матијас Сванберг, 80' Јон Гуидети

Норвежаните ја испуштија шансата за пласман уште минатиот месец, па сега играа без натпреварувачки дух. Килавата победа над слабата Малта можеше да биде зачинета со трет гол, но Кинг не реализираше пенал во 67-мата минута.

Малта - Норвешка 1:2
40' Пол Фенех - 7' Џошуа Кинг, 62' Александер Сорлот

Конечна табела:
1. Шпанија 26
2. Шведска 21
3. Норвешка 17
4. Романија 14
5. Фарски Острови 3
6. Малта 3

Група Ј

Роберто Манчини им даде шанса на неколкумина резервисти кои беа и тоа како мотивирани па на крајот „Аѕурите“ за малку не ја надминаа нивната највисока победа од 9:0 остварена во 1948 година против САД. Кјеза конечно постигна деби гол, а младиот напаѓач на Болоња, Орсолини, исто така даде прв гол, но тој го забележа и дебитантскиот настап. За Ерменија ова е највисок пораз во нивната историја. Италија квалификациите ги заврши со максимален ефект, 10 победи од 10 натпревари.

Италија - Ерменија 9:1
8', 33' Чиро Имобиле, 9', 64' Николо Ѕаниоло, 29' Николо Барела, 72' Алесио Ромањоли, 75' (пен) Жоржињо, 78' Рикардо Орсолини, 81' Федерико Кјеза - 79' Едгар Бабајан

Грците со пресврт после паузата дојдоа до нова победа, овој пат над Финска на која овој натпревар не ѝ значеше ништо бидејќи веќе обезбеди деби пласман на ЕУРО.

Грција - Финска 2:1
47' Петрос Манталос, 70' Константинос Галанопулос - 27' Теему Пуки

Босанците без Миралем Пјаниќ и со Един Џеко на клупата славеа победа во Вадуц, но ја загубија битката со Грција за третото место.

Лихтенштајн - Босна и Херцеговина 0:3
57' Елдар Чивиќ, 64', 72' Армин Хоџиќ

Конечна табела:
1. Италија 30
2. Финска 18
3. Грција 14
4. Босна и Херцеговина 13
5. Ерменија 10
6. Лихтенштајн 2

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Спорт

Торино потврди: Интер и Јуве бијат битка за дефанзивецот Бремер

Read more

Дали е ова најбруталниот старт на сезоната?

Read more

Десет суперѕвезди на кои забрзано им се губи сјајот

Read more

Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри

Read more
 

Ново

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе
  • play_arrow

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе