ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ПОЛСКА / ШВЕДСКА 2023

Данска ја победи Франција и трет пат по ред стана ракометен светски шампион

Ракометарите на Данска ја одбранија титулата светски шампион откако синоќа во финалето одиграно во Стокхолм ја совладаа Франција со 34:29.

Данците водеа од почетокот на натпреварот и во ниту еден момент не им дозволија на Французите да поведат. Неколку пати во првото полувреме имаа предност од 4 гола, а во еден момент водеа и со 5 разлика (12:7).

URL

Сепак, Французите се разбудија на крајот од првото полувреме кога ја намалија предноста и на одмор се замини со 16:15 за Данска.

По паузата Французите успеаја и да израмнат (16:16), но потоа Данците повторно поведоа и постојано одржуваа предност од два-три гола, а немоќнните Французи никако не успеваа да направат поголема и сериозна серија за да ги загрозат своите ривали.

URL

Како што се приближуваше крајот на натпреварот, Данците изгледаа сѐ подобро и подобро, а на крајот без многу драма победија со дури 5 гола разлика, по што следуваше големо славје.

URL

Најдобар во победничкиот тим беше фантастичниот Расмус Лауге кој постигна дури 10 голови, а веднаш зад него беше Симон Питлик со 9. Кај Французите најефикасен беше Недим Ремили со 6 голови, додека Дика Мем постигна 5.

Довербата да го судат големото финале ИХФ им го додели на македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Данска со синоќешната победа трет пат по ред светски првак во ракомет. Шампиони претходно беа на Мундијалите во 2019 и 2021 година. Воедно, ова им се единствените светски шампионски титули, а претходно освоија три сребра и една бронза.

Од друга страна, Французите остануваат најуспешната нација со 6 титули светски шампион. На тоа додадоа второ сребро, што го освоија синоќа, како и 4 бронзи. воедно, пет првенства по ред Франција и во топ 4 на Мундијалите.

Она што го направи Данска, три пати по ред да биде светски шампион, досега не ѝ успеало на никоја друга репрезентација.

URL

Наредниот Мундијал во 2025 година ќе се одржи во три земји, а еден од кодомаќините е и Данска, заедно со Норвешка и Хрватска.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Што да јадете за здрав црн дроб?

Read more

Ракомет

Ракометарите поразени дома од Португалија

Read more

Александар Јовиќ е нов тренер на Еурофарм Пелистер

Read more

Пуштени во продажба билетите за дуелот на македонските ракометари против Португалија

Read more

Савевски повика 18 ракометарки за контролките со Турција

Read more
 

Спорт

Ибра: Јас сум минато, сегашност, но и иднина на шведската репрезентација

Читај повеќе

Норвешка без Холанд против Шпанија

Читај повеќе

Верстапен: Не сум среќен, требаше да победам

Читај повеќе

Лацио со осуда кон навивачите кои го величаа Хитлер и скандираа антисемитски пароли

Читај повеќе

Шкупи по втор пат го отпушти Седлоски

Читај повеќе

Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси не може ни да вечера на раат во Аргентина

Читај повеќе

Претставен новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација

Читај повеќе

Дешан го избра новиот капитен на Франција

Читај повеќе