Ракомет
КАДЕТСКО СВЕТСКО ПРВЕНСТВО СКОПЈЕ 2019

Данска нѐ врати во реалноста

12. август 2019 - 8:31 | Ф.З.

Младите ракометари достојно му парираа на големиот противник, но на крајот запишаа втор пораз откако Данска славеше со 26:29.

Во првиот дел младите Македонци налетаа на одличниот дански голман Свенд Ругхаве кој со 10 одбрани беше најзаслужен што гостите од северот заминаа на пауза со водство од 11:13. Во еден момент и Македонија имаше водство, од 6:5.

Во вториот дел многу грешки во нашиот тим по што Данците се одлепија, а неизвесност внесовме во последните неколку минути кога дојдовме до -2. Сепак, Македонците немаа сили за подвиг па Данска со конечни 26:29 ја забележа четвртата победа.

Во нашиот тим најефикасен беше Мартин Серафимов со 9 голови, додека кај Данска по 6 постигнаа Јепе Сјеслак и Мадс Хоксер.

Данска практично го осигура и првото место, па во осмина-финалето ќе го чека четврто-пласираниот тим од групата Д. Во останатите натпревари од нашата група Аргентина славеше минимално над Бахреин со 25:24, додека Јапонија ја победи Нигерија со 35:30.

Македонија вечерва од 20.30 часот го игра последниот натпревар против Јапонија, важен во борбата за второто место на табелата.

табела:
1. Данска 8 (+33)
2. Јапонија 6 (+4)
3. Македонија 4 (-1)
4. Аргентина 4 (-9)
5. Бахреин 2 (+2)
6. Нигерија 0 (-29)

Коментирај