Дански пратеник предложи да се пука на бродовите со имигранти

„Безбедносните сили би требало да пукаат на гумените чамци и бродовите со имигранти кои настојуваат илегално да влезат во земјите на Европската унија“, изјави на националната телевизија пратеникот и член на конзервативна Данска народна партија, Кенет Берт.

„Единствен ефикасен начин е да се вратат бродовите од каде што дошле и да им се порача: „Не можете да пловите по должината на оваа државна граница, а ако тоа го сторите на вас ќе се пука или ќе бидете принудени да се вратите од каде што сте дошле“, порача пратеникот Кенет Берт во програмата на данската телевизија DK4.

Подоцна Берт на својата Facebook страница ја ублажи изјавата, пишувајќи дека не мислел дека треба да се пука врз луѓето, туку во знак на предупредување од бродовите на НАТО да се пука во воздух.

Портпаролот на Данската народна партија, Сорен Сондергард, за Reuters изјави дека идејата за пукањето врз бегалците не го претставува официјалниот став на партијата.

На минатогодишните избори десничарската Данска народна партија освои 21 отсто од гласовите, поради што е втора според бројноста најзастапена групација во парламентот.

Данска по големиот минатогодишен прилив на имигранти и бегалци започна да применува многу остра мигрантска политика, вклучително и заострените контроли на границите и контроверзниот „закон за одземање на скапоценостите“ од оние кои ќе бараат азил. Во август владата предложи усвојување вонреден закон со кој би се дозволило враќање на барателите на азил од границите.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во Cevahir Mall во Скопје

Читај повеќе