Данскиот град-градина: Кружни населби во кои може да се живее само 6 месеци годишно

Градот-градина бил изграден во 1964 година кога општината Брондби ја одобрила изградбата, а дизајнот бил заснован на типични скандинавски села од X век.

На периферијата на Копенхаген се наоѓа необичната населба Брондби, каде што куќите се наоѓаат во совршени кругови опкружени со исто толку совршено зеленило.

Кога ќе ја погледнете областа од воздух, сè изгледа како сцени од научно-фантастични филмови.

Импресивното архитектонско решение го снимил фотографот Анри До, а оттогаш интересот за Брондби е зголемен.

„Воопшто не планирав да ја направам оваа слика, тоа се случи сосема случајно. Го посетив Копенхаген со сопругата и налетав на неколку Данци кои беа заинтересирани за моите фотографии. Тие ми рекоа да го посетам Бондби, град-градина. И не се разочарав, тоа е уникатна сцена, како некој да исекол пица на парчиња“, изјави До за Lonely Planet.

Градот-градина град бил изграден во 1964 година кога општината Брондби ја одобрила изградбата, а дизајнот бил заснован на типични скандинавски села од X век.

Градот-градина се состои од 26 кружни градини, а во секоја има околу 16 приватни парцели во форма на триаголник.

Пејсажниот архитект, Ерик Мигинд, го смислил кружниот распоред бидејќи сметал дека промовира чувство на заедница.

Она што е интересно е што куќите може да се изнајмуваат од април до октомври, па сите жители на градот имаат можност да се спојат со природата и да избегаат од градската гужва, дури и на 6 месеци.

Куќите се едноставни и првенствено се користат како одлагалишта или шупи и мора да ги следите правилата за да можете да останете на овие имоти.

Градот-градина се состои од 26 кружни градини, а во секоја има околу 16 приватни парцели во форма на триаголник. Вкупно 284 куќи обезбедуваат тивко место за бегство од градската бучава и загадувањето.

Централниот дел на кружната градина служи како паркинг и место за собирање на локалното население.

Remote video URL

„Реакциите на моите слики беа одлични. Имав среќа, осветлувањето беше совршено, како и другите услови. Во Копенхаген времето често е дождливо, па беше неверојатно што успеав сè да фотографирам под ведро небо. Кога поминувате покрај Брондби, населбата по ништо не се издвојува. Дури кога ја кренав камерата во воздух се запрепастив“, рече тој.

Како што еднаш објави Daily Mail, вообичаената месечна кирија е околу 150 долари, но на станарите им е дозволено да живеат таму 6 месеци годишно или за време на викендите во текот на годината, за да можат да се грижат за своите градини. За цените одлучува одборот на станари.

Жителите на Брондби се градски жители кои можат да дојдат овде во текот на топлите месеци за да се посветат на одгледување растенија. Постојат дури и правила и закони кои го оневозможуваат живеењето во Брондби во текот на целата година, така што куќите не се големи туку главно се користат за складирање на потребните работи за градинарство и слични активности во природа или едноставно место каде што можете да пиете чај со пријатели.

Куќите се во сопственост, но градините се под кирија. Друг услов за пријавување е вашиот постојан престој да биде на 20 километри од Брондби.

Remote video URL

Куќите се опремени со канализација, имаат вода и струја, а на станарите им е дозволено самостојно да ги опремуваат со некои дополнителни детали, како сончеви панели.

Урбаното земјоделство е популарно во Данска

Во сончев ден, многу жители на Копенхаген поминуваат време надвор, а локалните фарми стануваат оази.

Урбаните фарми стануваат сè попопуларни во оваа скандинавска земја во последниве години, не само поради зголемувањето на урбанизацијата туку и поради желбата да се живее што е можно поодржливо.

Според Светскиот земјоделски извештај за 2021 година, Данците консумираат најмногу органска храна по глава на жител од кое било друго место во светот. На пазарот на органска храна учествуваат со најмалку 12,8%.

Исто така, за Данците е важно производите да бидат што е можно полесно достапни и заедниците да се поврзани.

Еден од најважните делови на урбаните фарми е заинтересираноста на луѓето за тоа од каде доаѓа нивната храна, што пак ги охрабрува да спроведуваат одржливи практики, како што се купување локални производи или поефикасно готвење за да се избегне фрлање храна.

Тагови
реклама

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Архитектура

По 144 години од почетокот на изградбата Саграда Фамилија ја достигна конечната висина

Read more

Најубавите железнички мостови во светот: Меѓу инженерските чуда е и мостот од Хари Потер

Read more

Топ 15 џиновски светилници

Read more

15 мегапроекти изградени на најсуровите места

Read more
 

Магазин

Што е микроневерство и колку е опасно?

Читај повеќе

Како да препознаете дали имате опасна мувла во клима-уредот?

Читај повеќе

Кои промени во исхраната може брзо да го намалат „лошиот“ холестерол?

Читај повеќе

Црна Месечина до 20 март: Кои хороскопски знаци се на удар на Лилит?

Читај повеќе

dm ја промовираше платформата „Иднина која инспирира“

Читај повеќе

Како да ослабете со медитеранска диета? 

Читај повеќе

Природни сокови со кои ќе ја подобрите крвната слика

Читај повеќе
  • play_arrow

Дали е задолжително да се истегнете пред тренинг?

Читај повеќе

Бела Месечина во Девица од 13 март: Дали сте родени под нејзината светлина?

Читај повеќе