Данскиот крал го промени кралскиот грб поради интересот на САД за Гренланд

Макфакс
/ 07.01.2025 / 11:30

Данскиот крал Фредерик ги изненади историчарите со промената на кралскиот грб, кој сега во поголема мера ги истакнува Гренланд и Фарските Острови, што многумина го толкуваат како одговор на изјавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за купување на Гренланд.

Помалку од една година откако ја наследи својата мајка, кралицата Маргрете, која абдицираше на 31 декември 2023 година, кралот Фредерик јасно ја кажа својата намера да ги задржи Гренланд и Фарски Острови во рамките на Данска.

Имено, сега е променет претходниот дански кралски грб на кој се користеа три круни, симболот на Калмарската унија меѓу Данска, Шведска и Норвешка.

Трите круни се отстранети и заменети со поларна мечка и овен, симболизирајќи ги Гренланд и Фарските Острови, пишува The Guardian.

Промената доаѓа во време на зголемени тензии околу Гренланд, кој сè уште има автономија, но Данска ја контролира неговата надворешна и безбедносна политика.

Трамп минатиот месец повторно рече дека сака САД да го купат Гренланд, додека премиерот на Гренланд, Муци Инекунаалук Ееде, ја обвини Данска за геноцид поради истрагата за задолжителната употреба на контрацепција во 60-тите и 70-тите.

Исто така, синот на Трамп, Доналд Трамп Џуниор, планира да го посети Гренланд денеска, а официјалните лица рекоа дека посетата ќе биде приватна и дека Трамп помладиот ќе се фокусира на снимање материјал за подкаст.

реклама

Плескавици од јајца: Најлесен начин да ги претворите велигденските остатоци во ново јадење

Read more

Маѓар не гледа проблем во картите на Голема Унгарија: Унгарците го паметат тоа време како златно

Read more

Новата Panda што многумина ја чекаа: Бензински мотор и пониска цена

Read more

Сите го исмеваа, а сега сакаат да го посетат: Како најгрдиот град во Европа стана атрактивен?

Read more

Свет

Хезболах: Не нè интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Read more

Германија и Украина потпишаа воени договори 

Read more

Кина му се закани на Трамп

Read more

Крај на еден од најпознатите грабежи во Европа

Read more
 

Вести

Благ пораст на цените, намалена трговска маржа кај основните производи, утврди Министерството за економија

Читај повеќе

Полицаец барал поткуп за да реши тепачка на „мирен начин“ во Струмица

Читај повеќе

Меџити: Почнува трансформацијата на Старата чаршија, инвестиција од околу 29 милиони денари

Читај повеќе

Хезболах: Не нè интересира исходот од преговорите меѓу Либан и Израел

Читај повеќе

Германија и Украина потпишаа воени договори 

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Ако Груевски се појави во Македонија ќе биде упатен в затвор

Читај повеќе

Унгарскиот форинт вртоглаво расте по поразот на Орбан

Читај повеќе

Од полноќ поевтинуваат горивата

Читај повеќе

Кина му се закани на Трамп

Читај повеќе