Aston Martin Valhalla е целосното име на новиот хиперавтомобил на познатиот британски автомобилски бренд.
Името Valhalla потекнува од нордиската митологија и се однесува на местото каде одат воините во задгробниот живот. Митското име ја замени ознаката AM-RB 003 што ја носеа концептите што го најавуваа овој модел.
Valhalla ќе има V6 мотор со турбополнач и хибриден систем, а ќе развива околу 1.000 коњски сили. Автомобилот ќе биде тежок 1.350 килограми.
„Имињата на нашите модели секогаш привлекуваат многу внимание. Тоа е така бидејќи ги будат емоциите и раскажуваат приказна. По моделот Valkyrie знаевме дека Valhalla мора да има свој силен впечаток. Нордиската митологија има моќен јазик и е богата со приказни“, изјави шефот на Aston Martin Енди Палмер.
Valhalla е резултат на соработкаа меѓу Aston Martin и Red Bull Advanced Technologies, а во неговото создавање помогна и познатиот инженер од Формула 1 Адријан Нуи.
Aston Martin има намера да направи само 500 примероци од новиот хиперавтомобил што ќе чини околу еден милион евра.