Живот

Дарежливиот Роналдо: Португалецот остави 20.000 евра бакшиш во грчки ресторан

19. јули 2018 - 16:24 | М.Д.

Најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, заедно со својата девојка Џорџина и четирите деца престојуваа во Грција, каде на работниците во хотелот во кој престојуваше, тој им остави бакшиш од 20.000 евра.

Условот кој Кристијано го одредил за да го остави споменатиот бакшиш, се однесувал за тоа, менаџерот на ресторанот, кој го примил бакшишот, да им ги распредели парите еднакво на сите работници во хотелот, пренесува „Daily Mail“.

„Секако дека за човек кој заработува милиони овој износ не значи ништо, но важна е намерата и затоа секоја чест за него. Многу богати луѓе би требало да земаат пример од него“, коментираа обожавателите на Португалецот.

После одморот во Грција, Роналдо замина во Италија, за да го финализира својот трансфер од Мадрид во Јувентус.

Коментирај