Дарио Ивановски победник на 8. издание на Охрид трчаТ

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски победи на главната трка на 21 километар на 8. издание на Атлетскиот викенд Охрид трчаТ, што се одржа денеска низ улиците на Охрид.

Дарио полумаратонот го истрча за 1 час 10 минути и 1 секунда. На второто и третото место се пласираа атлетичарите од Бугарија, Михаил Валковски (1:14:00) и Николај Николов (1:15:44).

Победникот Ивановски покрај парична награда од 300 евра од Општина Охрид доби ваучер за десетдневни подготовки во Охрид пред настапот на Европското првенство и Олимпијадата, што ќе се одржат ова лето.

Најдобар резултат во женска конкуренција во трката на 21 километар оствари Милјана Ристиќ со резултат 1:30:01, Јована Шубатлија од Србија заврши втора (1:30:40), а трета финишираше Фросина Михајловска (1:31:35).

Во трката на 5 километри победи Мирослав Спасов од Бугарија со време 18:11 минути, пред тркачите од Македонија, Александар Арсов (19:16) и Ријат Шеипи (19:32).

Во женска конкуренција на 5 километри најбрза беше Емили Иваноска од Македонија со време 24:25 минути, пред сонародничката Дарија Крстевска (24:28) и Весела Панчева од Бугарија (25:21).

Во штафетната трка на 21 километар најбрза беше екипата Делта од Скопје со време 1:15:55, пред АК Аеродром (1:33:08) и Стребениотес1 од Грција (1:34:02).

Наградите на најдобрите атлетичари им ги врачија претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

На Охрид трчаТ оваа година учество зедоа рекордни 2.200 натпреварувачи од 31 земја. За организацијата и безбедноста на настанот кој мина во одлична атмосфера се погрижија 500 волонтери и припадници на полицијата.

реклама

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Гледач откри нова грешка во клучната сцена на Titanic

Read more

Ништо нема да оди како што треба: Знаци на кои не им се пишува добро во февруари

Read more

Останати спортови

Хорхе Мартин заврши во болница по падот на тестирањето во Сепанг

Read more

НХЛ подготвува два големи спектакли на отворено во Флорида

Read more

Фјури замина во пензија

Read more

МекГрегор заигра сеоски фудбал - ги испотепа противниците

Read more
 

Спорт

Откриени платите на Ф1 возачите за оваа сезона, разликите се огромни

Читај повеќе
  • play_arrow

Марсело замина во пензија

Читај повеќе

УЕФА сака да ги укине продолженијата во европските купови

Читај повеќе

Станиќ: Мораме да бидеме позитивни и покрај исклучително тешката група

Читај повеќе

Хамилтон на заминувањето од Мерцедес на секој од 3.000 вработени му дал ист подарок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нејмар по 12 години заигра за Сантус: Противниците го испотепаа, па се фотографираа со него

Читај повеќе

Фудбалерите до 21 година добија тешка квалификациска група

Читај повеќе
  • play_arrow

Одличната партија на Јокиќ во сенка на неговиот најголем МВП конкурент

Читај повеќе

Премиерлигашките судии од следната сезона на микрофон ќе ги објаснуваат ВАР одлуките

Читај повеќе