Dark web: Што нуди темната страна на интернетот и како се пристапува до неа?

Dark web е буквално подземјето на интернетот. Тоа е таен свет кој најчесто го користат криминалци за да купуваат, продаваат и дистрибуираат дрога, оружје, секс и било која друга нелегална работа на која можете да се сетите.

„Всушност, dark web е E-Bay за подземниот свет“, пишува BuzzFeed во нивната сторија за морничавите работи кои се случуваат на dark web.

Кога еднаш ќе влезете на темната страна на интернетот ќе се шокирате од сето она што таму се продава и купува – освен доколку и самите не сте во потрага по нешто нелегално. Голем дел од луѓето никогаш нема да се осмели да го посети dark web-от, затоа што веројатно и самите не се подготвени за работите кои демнат таму.

„Мрачниот интернет“ не е мрачен на изглед – лесно е да се пребарува, сортиран е беспрекорно и нема да фатите компјутерски вирус ако го посетите. Оваа страна на интернетот е наменета за сите оние луѓе кои сакаат нешто, но не се подготвени да го побараат тоа во вистинскиот живот, или пак тоа нешто е нелегално, на повеќе или помалку опасен начин.

На dark web се тргува само и само со криптовалути – тоа е единствениот начин да се купи, резервира или изнајми нешто. Таму не постојат класични начини на купување кои оставаат траги преку трансакциски сметки. Доставата на домашна адреса е можно да се изведе, но само трагите за содржината на пакетот можат целосно да се сокријат – неговото постоење, сензори и мирис.

До пристап до dark web се доаѓа многу лесно, исто како и на обичниот интернет, но не може да се стигне таму преку конвенционалните прелистувачи како Chrome или Safari. Секако, нема да ви го кажеме начинот на кој можете да пристапите до dark web – тоа ќе морате да го откриете самите.

Кога ќе стигнете до пристап на dark web, можете да купите скоро сѐ што ќе посакате. Дрогите се најпопуларни а ги има во секаков облик: екстази, марихуана, опијати, психоделични супстанци, ЛСД, халуциногени печурки, МДМА и многу, многу повеќе. Исто така можете да купите оружје, стероиди, клонирани VISA картички, фалсификувани броеви од социјално осигурување и можете да добиете многу нелегални услуги. Порнографијата и сексот се придружен дел од dark web, но таму можете да најдете и ситни нелегални работи како пиратерија на книги, видеоигри, филмови, гардероба и слично.

Заклучокот на екипата од YouTube каналот на BuzzFeed е дека темната страна на интернетот е премногу лесно достапна, што е загрижувачки бидејчи ако пристапот до нелегални работи е толку лесен, тогаш сигурно постои и уште потајна страна на интернетот каде се продаваат човечки органи, се планираат терористички напади и се тргува со робови.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Интернет

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more

Starlink ќе обезбеди брз интернет на првата приватна вселенска станица

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе