2.БУНДЕСЛИГА 2019/20

Дарко, Дарко, Дарко! Прв гол на Чурлинов за Штутгарт

Македонскиот бундеслигашки вундеркинг го постигна својот деби гол во дресот на Штутгарт запечатувајќи ја победата на гостувањето во Дрезден.

Чурлинов го прославува голот

Дарко Чурлинов почна од гостинската клупа и влезе во игра во 57. минута на местото на Филип Ферстер. Штутгарт веќе водеше со 0:1 со голот на Хамади Ал Хадиуи уште од 18. минута.

На две минути пред крајот Дарко начека една одбиена топка и со брза реакција од прва ја смести во домашната мрежа.

Ова за него беше за четврти настап во дресот на Штутгарт откако зимава се пресели од редовите на Келн. Во четвртокот ги одигра последните 13 минути во дербито дома со Хамбургер (3:2), а на првите два натпревара по продолжувањето на сезоната не беше воопшто во составот.

Штутгарт по некомплетното 29. коло е втор на табелата со 51 бод, два повеќе од Хамбургер и 5 помалку од лидерот Арминија која има и натпревар помалку. Тимот на Дарко се бори за враќање во Бундеслигата и за такво нешто треба да остане помеѓу првопласираните две екипи.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе