Џастин Тимберлејк: Ја поддржувам Бритни, тоа што ѝ се случува не е во ред

Пејачот Џастин Тимберлејк испрати порака за поддршка до Бритни Спирс, неговата поранешна девојка, која води правна битка против татко ѝ Џејми Спирс за прекин на договорот со кој тој има права на одлучување за нејзиниот живот и кариера.

Бритни Спирс нема контрола врз нејзините финансии и кариерни одлуки од 2008 година наваму, согласно договор што во законите на САД се нарекува „conservatorship“. Според овој договор, таткото и адвокатот на Спирс менаџираа со нејзините финансии и личен живот, вклучувајќи забрана за посетители и комуникација со докторите во врска со нејзината терапија.

Тимберлејк се огласи на Твитер, каде го коментираше сведочењето на Бритни Спирс, со која порано беше во четиригодишна врска.

„После она што го видовме денес, сите треба да ја поддржуваме Бритни во овој момент. Без оглед на нашето минато, добро и лошо, без разлика колку одамна беше тоа“, напиша Тимберлејк.

„Она што ѝ се случи едноставно не е во ред. Ниту една жена никогаш не смее да биде ограничена да носи одлуки за сопственото тело. Никој не смее да биде затворен против нивна волја... Нуту некогаш да бара дозвола за пристап до сѐ она за кое толку напорно работела“, продолжи тој.

"Јас и Џес ѝ испраќаме љубов и апсолутна поддршка на Бритни. Се надеваме дека судовите и нејзиното семејство ќе го поправат тоа и ќе ја остават да живее како што сака“, рече музичарот и актер.

URL

Тимберлејк и Бритни Спирс беа во врска од 1998 до 2002 година. Тој сега е во брак со актерката Џесика Биел.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе