Датумот на локалните избори останува 17 октомври

Датумот на локалните избори останува 17 октомври согласно Изборниот законик. Поклопувањето на пописот со кампањата за изборите нема да промени ништо, а можно е пописот и порано да заврши, рече премиерот Зоран Заев.

– Датумот според предлогот од работните групи во коишто учествуваат сите политички партии е 17-ти. Односно нема промени на датумот којшто е утврден во самиот Изборен законик и досега. Имаше дилеми заради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но на крајот се одлучи дека трите дена не менуваат ништо. Пописот е обична активност која што финишира преку ден, кампањите се водат навечер. Впрочем пописот секојпат се вршел 20 дена, овој пат е определен 30 дена, може навистина да се заврши и порано и тоа што ќе остане последните три дена затоа што е дефиниран по законот од 1 до 30 септември, а не е од 5 до 25 како што беше прво проектирано, значи има доволно време така што нема потреба од какви било промени на датумот на изборите, рече Заев на новинарско прашање по пуштањето во употреба на детска градинка во Стајковци.

Во однос на прагот на поднесување на независните листи, договорено е тој да изнесува 2% од вкупниот број на избирачи.

– Ако има општината 10 илјади избирачи треба 200 потписи за да се поднесе независна листа. Ако има 50 илјади избирачи треба илјада потписи за да се поднесе независна листа, вели Заев.   

Појасни дека преговорите се воделе повеќе од месец дена со учество на сите парламентарни политички партии, при што договорени се и денот за датумот на изборите, модалитетите за отворени или затворени листи, како и за сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР, меѓу кои и препораката за унифицирање на прагот на неопходни потписи за поднесување на листите. 

– Апсолутно не се работи за некој договор меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, тука беа и Алијанса, тука беа и Левица, ги гледам коментарите, беа сите коишто учествуваа на самиот Предлог-закон, на крајот законот се носи во Собранието и секако таму може да се отвори дебатата што е соодветна. Дефинитивно јас мислам дека таа препорака на ОБСЕ/ОДИХР за да се унифицира прагот на собирање на потписи на сите во процентуален износ е вградена и треба да ги почитуваме препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а за точниот процент тие се аргументите коишто ги соопштија пред мене, вели Заев.  

Запрашан за можна коалиција со БЕСА, Заев рече дека тие со сите коалициски партнери ќе имаат некаков вид коалиција заради спецификата на локалните избори, но во вториот круг.

– Значи, ќе имаме навистина општини каде што СДСМ, ДУИ, БЕСА, ДПА, не знам помалите партии – турските партии, ЛДП и слично ќе имаат свој кандидат и тоа значи во првиот круг немате коалиција. Во вториот круг, кога граѓаните ќе одлучат на кој ќе му дадат шанса да влезе во вториот круг, тогаш е логично коалициските партнери на централно ниво да се поддржиме меѓу себе. Така што логично е дека двајца кандидати влегуваат во вториот круг и секако ќе си ја дадеме поддршката едни на други, рече премиерот Зоран Заев. 

Тој изјави дека согласно утврдената агенда, оваа година за 2 Август, националниот празник Илинден, ќе биде во Пелинце.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе