Давор Поповски избран за претседател на СПУКМ, но тензично

Студентскиот парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за нов претседател на Студентскиот парламент го избра Давор Поповски.

Според соопштението на Студентски парламент, на сите 23 факултети гласањето започнало навремено во 9 часот и завршило во предвиденото време во 16 часот.

Поповски на функцијата е избран со освоени 3.851 гласови, а неговиот противкандидат Стефан Василевски, одвои  1.275 гласови. На изборите гласале 5.264 студенти. Вкупно имало 138 неважечки гласови.

„Изборниот процес се одвиваше во фер и демократска атмосфера, каде што можност имаа студентите да го дадат својот глас и достојно да го изберат својот нов лидер. Во текот на изборот имаше тенденции за скандализирање на изборот од страна на Студентскиот пленум, кој е политички мотивиран, да направат упад во гласањето и да ги спречат студентите да го искажат своето демократско право на глас, што беше директен атак на слободата на студентското изразување“, се вели во соопштението на Студентски парламент.

Од таму испратија остра критика и го осудија насилното однесување на членовите на Студентскиот пленум за време на изнесувањето на гласачките кутии од Правниот факултет, за време на  пребројувањето на гласовите и за време на внесувањето на последните кутии во просториите на СПУКМ.

„Ваквиот начин на однесување сметаме дека не доликува на академски граѓани и на студенти кои треба да бидат авангарда и носители на иднината на нашата држава. Политички мотивираните насилни однесувања се одлика на оние кое сакаат да го уништат студентското движење“, се додава во соопштението.

Од друга страна пак, специјални полициски сили доцна синоќа ги влечеа студентите што се спротивставија на изборите за претседател на Студентскиот парламент со обвинение дека се лажирани. Во инцидентот има и полесно повредени студенти.

Претставници на Студентскиот пленум цело попладне го блокираа влезот на Студентскиот парламент во близина на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“, во обид да се спречи броењето на гласачките кутии што претходно насилно биле грабнати од Правниот факултет. На актуелниот претседател на СПУКМ Кирил Спировски му поставија ултиматум да ги поништи изборите.

Студентскиот пленум обвинува дека во лажирањето на изборите учествувале лица од јавната администрација и членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Специјални полициски сили се распоредија пред Студенсткиот дом во центарот на Скопје и го чуваа седиштето на Студентскиот парламент каде што се броеја гласачките ливчиња на изборите за кои Студентскиот пленум вели дека се лажирани во корист на власта.

Инцидентот настана кога кутиите со гласачки материјал беа носени во седиштето на СПУКМ на пребројување. Влезот во зградата беше блокиран од членови на Студентскиот пленум. Во еден момент во зградата упаднаа полицајци од Единицата за брзо распоредување на МВР со полна опрема и ги влечеа по земја студентите надвор од зградата, иако тие не пружаа никаков отпор. Само седеа на подот со дигнати раце.

Тензијата пред Студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ беше зголемена со големо присуство на полицијата, која ја блокираше улицата.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе