Давос 2018: Машки клуб на милионери каде жените се бројат на прсти

Среде скандалот што ја тресе забавната индустрија во кој познати актери и влијателни филмски работници беа обвинети за сексуално вознемирување, малтретирање и експлоатирање, темата за родова еднаквост е високо на агендата на форумот во Давос годинава, но елитната собиранка има и други проблеми за решавање.

Џилијан Танс е тивка и ненападна. Оваа 47-годишна жена не изгледа како некој за кој ќе претпоставите на прв поглед дека е на моќна позиција. А сепак е една од најмоќните во бизнис сферата.

Како главен и извршен директор на онлајн платформата Booking.com таа е одговорна за 15.000 вработени во 70 земји ширум светот.

Во 2016 година заработи импресивни 17,1 милиони долари, што беше повеќе од нејзиниот тогашен шеф на американската компанија Priceline што го поседува Booking.com и неколку други туристички брендови.

Во бизнис светот, уште е прилично ретко жена да постигне толкав успех.

Танс за прв пат доаѓа на форумот во Давос и вели дека со истакнувањето на луѓе како неа може да се помогне во решавање на оваа нерамнотежа.

„Добрите примери на кои може да се огледаме се многу важни“, вели таа.

Токму затоа и беше повикана на Светскиот економски форум во Давос годинава.

Не е тајна дека оваа годишна средба на финансиски и извршни директори, светски лидери и славни личноти има проблем во обидите да привлече жени делегати.

На Форумот, мажите учесници ги има пет наспроти еден во однос на жените, покрај системот на квота што бара од големите компании да донесат барем една жена на секои четворица мажи. Секоја година, на заедничката фотографија од форумот преовладуваат машки костуми и одново се поставува саркастичната загатка: „Најди ја жената“.

Секако, ова во голема мера ја отсликува актуелната реалност – на врвот во бизнисот и политиката претежно има мажи.

Форумот во Давос вложува напори, тоа е несомнено. За прв пат досега, во 48- годишното постоење на форумот, сите седум ко-претседавачи се жени, но сепак, меѓу присутните има само 21% жени, мала промена од лани кога имаше 20% жени.

Критиките упатени на адреса на Форумот во Давос дека е машки клуб што тешко се „разбива“ не е само на сметка на родовата нееднаквост.

Иако се на ниво на анегдоти, сепак има гласини дека дури и во овие префинети редови  жените се соочуваат со несакано машко внимание.

Основачот на апликацијата за бизнис и социјална мрежа Vork вели дека преплетувањето на работата и злогласените ноќни журки доведува до недоразбирања.

„Очигледно има сива зона во која луѓето едноставно не се сигурни на што се. Некој ќе се обиде да дознае и има неочекувани моменти’, вели тој.

„Каде и да погледнете, мажите се тие што го прават тоа’, вели Гари Баркер, главен извршен директор на Promundo, чија цел е да ги ангажира мажите да се заложат за ставање крај на вознемирувањето и малтретирањето жени.

Во рамки на работната средина, вели тој, може да прерасне во „суптилно психолошко омаловажување“.

Како можно решение, тој предлага повеќе жени да се унапредуваат на моќни позиции и нагласува дека има „повеќе од доволно квалификувани жени“ за овие позиции.

Годинава на агендата на Форумот има неколку сесии на кои ќе се дискутира за тоа што може да направат компаниите и заедниците за да се спречи сексуалното вознемирување на работното место, но и да се опфати пошироката тема на родова еднаквост.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе