Давос 2019: Заборавете на Кашоги, да зборуваме за бизнис

Ако некако сте ја пропуштиле веста за убиството на новинарот Џамал Кашоги, можеби ќе помислите дека Саудиска Арабија е ѕвезда на економскиот форум во Давос.

Кралството ја прати една од своите најсилни делегации досега во швајцарскиот планински ентар и ги узурпираше салите за состаноци со своите врвни раководители.

Саудиска Арабија успеа да ги убеди водечките западни бизнисмени за панел дискусија на тема „Следниот чекор за Саудиска Арабија“, каде главниот извршен директор на француската компанија Total, Патрик Понан, и шефот на Morgan Stanley, Џејмс Горман, разговараа со министрите за економија и за финансии на Саудиска Арабија.

Овој собир е шанса за Саудијците да се обидат зад севе да ги остават месеците интензивни критики поради убиството на Кашоги, но и критиките на адреса на престолонаследникот Мохамед бин Салман.

Принцот претходно уживаше восхит на Запад поради длабоките промени што ги направи во неговата татковина, како даночните реформи, инфраструктурните проекти и укинувањето на забраната за жените да возат автомобил.

Во Давос се чини, на сѐ се гледа поинаку.

Швајцарскиот претседател, според Reuters, изјавил дека неговата земја продолжила понатаму и дека сака да изгради стабилни односи со Ријад, богатото кралство за производство на нафта кое е главен светски инвеститор.

„Одамна се занимававме со случајот Кашоги... Се договоривме да го продолжиме финансискиот дијалог и да ги нормализираме односите“, изјавил претседателот пред новинарите.

Секако, имаше сомнежи околу статусот на Саудиска Арабија во Давос. Сепак, голем број светски инвеститори се откажаа од големата конференција што се одржа во октомври, за идните проекти на Саудиска Арабија, токму поради тие тензии.

Потоа, на самитот Г20 во Буенос Аирес, светските лидери се чини го игнорираа принцот Мохамед на сцената додека се фотографираа, иако многу од нив потоа имаа билатерални средби со него зад затворени врати.

Меѓутоа, во Давос саудиската делегација веќе одржа десетина состаноци и ниту еден западен инвеститор се нема повлечено, изјави за Reuters саудискиот министер за економија Мохамад ал Туваиџри.

„Наша работа како влада е да се осигураме дека инфратсруктурата, особено легалната, е стабилна. Се надеваме дека ова патување ќе привлече инвеститори“, рече тој.

Неговата порака за принцот би била „да ги сослуша повратните информации од инвеститорите“.

Министерот за финансии Мохамед ал-Џадан изјави дека „е тажно тоа што се случи со Џамал“, но исто така предложи да се почекаат резултатите од истрагата и од судењето.

Тој додаде дека фактот дека вредноста на саудиските хартии од вредност се зголемува укажува дека се враќа довербата на инвеститорите.

Најновите податоци од Саудиска Арабија покажуваат дека новите дозволи за странски инвестиции двојни се зголемиле лани во споредба со 377 во 2017 година.

Светскиот економски форум избра две државни саудиски компании - Aramko и Sabik – што ќе бидат меѓу 100-те стратешки партнери за 2019 година.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе