Де Брујн: Ја заслужувам наградата за најдобар играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн, верува дека ја заслужува наградата за најдобар играч во Премиер лигата, за која, покрај него, голем фаворит е и напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах.

„Па, ако ја добијам, тоа би било убаво и за екипата и за мене. На еден начин верувам дека ја заслужувам, бидејќи бев многу конзистентен во својата форма“, изјави Де Брујн.

Играчот за врска на Сити е фаворит за освојување на наградата, во однос на неговата конзистентност во текот на оваа сезона, како и фактот дека оваа наградата најчесто му се доделува на играч чиј тим ќе ја освои титулата, која Сити има прилика да си ја обезбеди токму овој викенд против лутиот градски ривал Јунајтед.

Сепак, учинокот на Белгиецот не може да се спореди со феноменалната статистика која зад себе ја има Салах.

Салах во својата дебитантска сезона во дресот на Ливерпул е најдобар стрелец во Премиер лигата со 29 погодоци, а во повеќе наврати ја воодушеви фудбалската јавност со својата игра.

Според Де Брујн, едноставно е невозможно тие двајца да бидат споредени како играчи.

„Не можете да споредите, невозможно е. Како се бираат играчите? Секој има свое мислење и зависи од тоа што луѓето бараат во играчот. Салах има неверојатен учинок и игра многу добро во улогата напаѓач. Оваа сезона беше фантастична. Но, како ќе не споредите според статистиката? Тоа е сосема поинаку. Против Евертон имав дефанзивна улога во средината на теренот, а тоа не можете да го споредите со некој напаѓач“, изјави Де Брујн.

Овие двајца играчи веќе во среда ќе бидат под лупа на фудбалската јавност, кога Ливерпул и Манчестер Сити ќе ги измерат силите во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе