Фудбал

Де Хеа ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед

22. јули 2019 - 17:14 | Кајгана/МИА
Манчестер, 22 јули 2019 (МИА) – Давид Де Хеа ќе потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, кој освен вртоглава сума на шпанскиот голман можеби ќе му ја донесе и капитенската лента.

Според Daily Mail, Де Хеа ќе потпише шестгодишен договор во износ од 126 милиони евра, односно неделна плата од 412 илјади евра, со што станува втор најплатен играч кај „црвените ѓаволи“, по Алексис Санчез.

Тој исто така е еден од кандидатите да стане вечен капитен на Манчестер Јунајтед.

Со денешното потпишување, Јунајтед ќе ги прекине шпекулациите во врска со Де Хеа, дека ќе го напушти клубот бесплатно како слободен играч.

Де Хеа дојде во Манчестер во 2011 година од Атлетико Мадрид за 17 милиони евра, а досега  за Јунајтед настапил 247 пати. 

Коментирај