Фудбал

Де Хеа останува во Јунајтед: Само дома си е дома

17. септември 2019 - 10:37 | А.С.

Давид де Хеа вчера го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед со траење до летото 2023 година.

Со тоа се стави точка на гласините дека 28-годишниот голман сака да си замине од Јунајтед, што кружеа сѐ почесто во последно време.

Де Хеа од 2011 година во дресот на „црвените ѓаволи“ запиша 367 настапи, а лани беше во многу лоша форма, поради што очекувано беше да замине од Олд Трафорд.

„Сега кога го решив прашањето околу мојата иднина, целосно можам да се фокусирам на тоа да освојуваме трофеи. Ми беше чест да играм за Јунајтед во изминативе осум години и така ќе биде и понатаму“, изјави Де Хеа.

Шпанскиот голман беше еден од клучните играчи во освојувањето на титулата прваци на Англија во 2013 година, како и освојувањето на Лига Европа 2017.

Голманот на Twitter објави видео со коментар: „Само дома си е дома“:

Коментирај