Претседателот на Наполи Аурелио де Лаурентис откри дека фудбалерот Дриес Мертенс сака да го продолжи договорот со клубот, но дека тоа зависи од неговата сопруга.
Де Лаурентис се надева дека Мертенс ќе ја продолжи соработката со Наполи.
„Тој сака да остане во Наполи, но мора да ја праша сопругата. Ако Дриес најде решение со неа, тогаш нема сомнение дека ќе остане тука. Ќе го пречекаме со раширени раце“, рече 60-годишниот Де Лаурентис.
Тој откри и дека стигнала понуда за Калиду Кулибали од Челзи вредна 55 милиони евра.
„Челзи понуди 55 милиони евра, но му реков на менаџерот на „сините“ Антонио Конте дека нема да се откажам од него додека не му најдам соодветна замена“, рече претседателот на Наполи.