Де Лигт го одбра својот број во Јуве, Ајакс добива 75 милиони евра

Холандскиот репрезентативец Матијс де Лигт ќе игра со бројот 4 во италијанскиот хегемон и актуелен шампион Јувентус, соопштува „Де Телеграф“.

Трансферот на 19-годишниот централен дефанзивец е само прашање на часови, а „старата дама“ се избори за него со Барселона и ПСЖ. Ајакс ќе ги добие посакуваните 75 милиони евра за својот капитен, откако претходно ги одби сите други понуди на Јуве.

Агентот на Де Лигт, Мино Рајола, рече дека младиот фудбалер веќе преговарал за своите лични услови. Тој ќе потпише 5-годишен договор, а неговата плата ќе биде 12 милиони евра сезона плус бонуси. Ќе има и клаузула за откуп од 150 милиони евра.

Минатата сезона Де Лигт запиша 55 натпревари за Ајакс на сите турнири. Во нив постигна 7 гола и направи 4 асистенции. Дефанзивецот ќе биде шесто ново засилување на Јуве ова лето.

Пред тоа, торинскиот тим се засили уште со Арон Ремзи, Адриен Рабио и легендата Џанлуиџи Буфон. Тројцата пристигнаа како слободни агенти, односно од Арсенал и ПСЖ. Лука Пелегрини беше дел од продажбата на Леонардо Спинацола во Рома, а Мери Демирал беше купен од Сасуоло за 16,2 милиони евра.

Кристијан Ромеро беше земен од Џенова, но ќе остане една сезона под наем во тимот од северот на Италија.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе