Де Ниро: Би сакал да го глумам гувернерот на Њујорк

Познатиот американски глумец Роберт де Ниро има желба, ако воопшто некогаш се снима филм за корона-пандемијата, да го глуми гувернерот на американската сојузна држава Њујорк, Ендрју Куомо.

„Куомо го прави она што би требало да го прави претседателот (на САД)“, истакна Де Ниро во видеоврската во емисијата The Late Show на Стивен Колберт.

Де Ниро (76) натаму вели дека може да го замисли гувернерот во Овалната соба, но сепак го поддржува Џо Бајден во претседателската трка годинава.

Глумецот изнесе уште повеќе критики околу тоа како претседателот Доналд Трамп се справува со епидемијата.

„Имаше многу, многу предупредувања и пропусти и сега сите го плаќаме тоа. Можеби било и полошо, на некој начин, но никогаш вака“, додава глумецот.

Remote video URL

Некои медиуми во Њујорк веќе го гледаат Куомо како кандидат на наредните претседателски избори во САД во 2024 година.

Зборовите на Де Ниро дојдоа и до гувернерот Куомо, кој со воодушевување ја одобри желбата на Де Ниро.

„Јас сум голем фан на Де Ниро. Едноставно, тој е феноменален. Размерот на неговата способност, мислам, само погледнете кои улоги ги има играно. Тој може да направи сѐ, нели? „Deer Hunter“, „Cape Fear“, може и комедија... а што велите за „Taxi Driver“? На наредна прес-конференција, кога новцинар ќе ми постави прашање ќе се однесувам како во „Taxi Driver“. „You talkin’ to me?" Има да биде јако. Голем фан сум на Де Ниро. Тој е генијалец“, рече гувернерот.

реклама

Рани симптоми кои укажуваат на можност за мултиплекс склероза

Read more

Губење титула на бугарски начин

Read more

Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно

Read more

Два знака од Зодијакот цел јуни ќе имаат поволен финансиски период

Read more

Филм & ТВ

Како се снимаше Lord of the Rings

Read more

Дени Мастерсон прогласен за виновен за силување

Read more

Која е Нур Алфала, со која Ал Пачино ќе има дете?

Read more

Сè што е погрешно со „Малата сирена“

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Како се снимаше Lord of the Rings

Читај повеќе

Дени Мастерсон прогласен за виновен за силување

Читај повеќе

Која е Нур Алфала, со која Ал Пачино ќе има дете?

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со „Малата сирена“

Читај повеќе

Почина Драги Христов - Шпага

Читај повеќе

Ал Пачино ќе се придружи на клубот стари татковци

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за John Wick Chapter 4

Читај повеќе

Актери и актерки кои пораснале во сиромаштија, а денес се светски ѕвезди

Читај повеќе
  • play_arrow

Судот одлучи: Сцената од филмот „Romeo and Juliet“ не е детска порнографија

Читај повеќе