Де Роси ја измамил сопругата роденденот да го слави во паб гледајќи дерби

Филип Здравески
/ 21.03.2023 / 13:58

Легендата на Рома требало да го слави роденденот на својата сопруга на денот кога неговиот тим го играше градското дерби со Лацио, па успеал некако да ја измами да слават во паб за да гледа фудбал.

Даниеле Де Роси викендов бил во Лондон каде неговата сопруга Сара Фелбербаум требало да го прослави својот роденден. За беља на римската легенда големото Дерби дела Капитале се играше токму в недела од 18 часот, па Де Роси се нашол во тесно.

Наместо во некој отмен ресторан, ја наговорил сопругата да слават роденден во еден од бројните лондонски пабови со тајна цел - да го гледа дербито Лацио - Рома. 

Сара сфатила дека е измамена, па решила да се пофали на Instagram каде објави стори сликајќи го Де Роси како воопшто не ѝ обрнува внимание за роденденот и е целосно внесен во дербито.

„Срце, те носам во Лондон за твојот роденден...“, напиша Сара на сторито.

Де Роси ја шерна нејзината објава додавајќи: „Сакаше изненадување??? Дерби во Лондон од 6 додека јадеш пржено пилешко. Епа поголемо изненадување од ова...“.

Со оглед на тоа што Рома загуби со 1:0 можеме само да замислиме во какво (не)расположение бил Де Роси во остатокот од вечерта.

Де Роси речиси целата своја кариера ја мина во Рома. Како дете прво тренираше во нисколигашот Остиа Маре и тоа како напаѓач, а на 17 години премина во Рома каде под Фабио Капело по една година дебитираше во првиот тим, но како играч од средниот ред. По 20 години во Рома, играјќи 616 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна 63 голови, замина во аргентинскиот гигант Бока Жуниорс за да ја исполни желбата да заигра пред навивачите на „Ла Бомбонера“. Се пензионираше во јануари 2020 година на 36-годишна возраст.

Инаку, Сара Фелбербаум е поранешен модел и италијанска актерка. Родена во Лондон од мајка Британка и татко Американец, кои се преселиле во Италија кога Сара имала само една година. Во брак со Де Роси е од 2015 година и имаат две деца, ќерка и син.

реклама

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Се враќа евтината дневна тарифа на струјата

Read more

Со УВ светло откриле скриено поглавје во Евангелието по Матеј

Read more

Фудбал

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Read more

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Read more

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Read more

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Read more
 

Спорт

Го нема Лева - нема голови: Никој не постигна ни 20 гола во Бундеслигата

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши фудбалски позајмици на сите времиња

Читај повеќе

Голманот на ПСЖ приклучен на апарати откако падна од коњ

Читај повеќе

Додека ПСЖ славеше титула, Нејмар играше покер  - пријавил дека е повреден

Читај повеќе
  • play_arrow

Жиру за победа на Милан во Торино и пласман во ЛШ

Читај повеќе

Пред Роналдо беше лидер: Ал Наср остана без титула

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Читај повеќе

Џака преку социјалните мрежи се збогуваше со фановите на Арсенал

Читај повеќе
  • play_arrow

Мбапе ѝ го раскрвари носот на девојка на трибините

Читај повеќе