Фудбал

Дебакл на Јунајтед на гостувањето кај Евертон

21. април 2019 - 18:15 | МИА/КАЈГАНА

Тимот на Евертон попладнево приреди големо изненадување совладувајќи го Манчестер Јунајтед со 4:0 во натпревар од 35. коло на англиската Премиер лига.

Стрелци на головите за домашниот тим беа Ричарлисон, Гилфи Сигурдсон, Лук Динг и Тео Волкот.

Евертон со новите три бода собра вкупно 49 и се искачи на 7. место.

Манчестер по осмиот сезонски пораз остана на 64 бода и 6. место.

Солскјер им се извини на навивачите

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјеер, им се извини на навивачите по високиот пораз од Евертон.

„Ние денеска бевме претепани во сите аспекти. Но, имавме фантастична поддршка. Само сакам да се извинам на навивачите за нашата игра на овој натпревар. Нашата цел е да бидеме меѓу првите четири. Тоа ќе биде многу тешко. Денешната игра беше недостојна за Манчестер Јунајтед. Ние сме свесни за ова и сакаме уште еднаш да им се извиниме на навивачите“, изјави Солскјер.

Коментирај