Утре, 4 јули, со почеток во 19 часот и 30 минути во Музејот на современа уметност ќе се одржи дебата на тема „ Дизајнот како глас на директната демократија“.
Може ли уметноста да го промени светот?
Што подразбира концептот на директна демократија?
Како да го разбудиме културно-општествениот нерв на граѓаните?
Како гласачите одлучуваат за светот во кој сакаат да живеат?
Може ли дизајнот да биде алатка на директната демократија?
Како со уметнички активизам до подобро утре?
Дебата со Ана Јовковска и Џабир Дерала (Цивил), Александар Јовановски (Хелсиншки комитет), Ладислав Цветковски (Факултет за ликовни уметности) и Лазе Трипков (ПЛАКАРТ).
По разговорот следува разладување со летни коктели и dj-set на Ивана Драгшиќ.
Дебатата се одржува во рамките на изложбата “Гласање и гласови”, постери од швајцарски кампањи за референдуми во периодот од 1918 година до денес, на Museum für Gestaltung Zürich, водечки швајцарски музеј за дизајн и визуелна комуникација, во организација на Амбасадата на Швајцарија и во соработка со Музејот на современа уметност во Скопје.
Изложбата ќе ќе биде поставена од 27 јуни до 12 август 2019.