Дебитираше Mercedes GLE за 2023
Mercedes го претстави GLE за новата моделска година, а со тоа и некои новости. Обновени се и двете верзии, стандардниот GEL и GLE Coupe. Најголема новина е електрификацијата на целата гама со зголемување на моќноста, а понудата ја сочинуваат „лесни“ хибриди, бензинскиот GLE 450, како и дизелите GLE 300d и GLE 400d.
Бензинецот 3.0 произведува 381 КС и 500 Nm, додека дизелските опции се 2.0 со 269 КС и 550 Nm и 3.0 со 367 КС и 750 Nm. Се нудат и два plug-in хибриди, и тоа GLE 400e со бензински мотор од 2,0 252 КС и GLE 350de со 2,0 дизел мотор од 197 КС. Им се приклучлува електромотор од 100 КС и 440 Nm, кој овозможува чисто електричен досег до 105 км.
На врвот на гамата се верзиите AMG. Послабиот GLE 53 доаѓа со 3.0 бензински мотор, а вкупно 435 КС и дополнителни 22 КС од интегрираниот стартер-генератор (ISG). Помоќниот GLE 63 S има 4.0 V8 под хаубата со 612 КС (+22 КС). Вториот забрзува до 100 км/час за само 3,9 секунди. Покрај електрифицираните погони, моделите AMG добиваат и ревидирана суспензија.
Кога станува збор за визуелните иновации, тие се најзабележливи на предната страна.
Да го споменеме и Off-Road Engineering Package, кој покрај зголеменото растојание и дополнителната заштита, носи дополнителни опции за помош при возење надвор од патот.
Продажбата на моделот од 2023 година ќе започне во јули оваа година, а цените уште не се објавени. Во секој случај, сметајте на тоа да биде повеќе, ако не поради инфлација, тогаш поради побогата опрема.