Дебитираше новиот Peugeot 408

Со овој модел, Peugeot влезе во нов автомобилски сегмент.

 

Peugeot го претстави новиот 408, кој за разлика од некогашниот седан, сега припаѓа на сè попопуларната купе-кросовер класа. Официјално категоризиран како фастбек, Peugeot 408 има неконвенционален изглед, сличен на Citroen C5 X.

Автомобилот ја користи најновата верзија на механичката платформа Stellantis EMP2, која ја дели со моделите хечбек 308 и караван, но Peugeot тврди дека тоа е пософистициран производ поставен „на самиот врв на C-сегментот“.

Со должина од 4.687 милиметри, новиот модел со „лавче“ е нешто подолг од 308 караванот. Ширината на возилото е 1.859 mm, а висината е 1.478 mm, додека меѓуоскиното растојание е 2.787 mm.

Клиентите имаат на располагање 20-инчни алуминиумски фелни кои се достапни на најскапите верзии.

Багажникот има основна зафатнина од 536 литри, а по преклопување на задните седишта може да порасне до 1.611 литри.

Поради својот елегантен профил, Peugeot 408 можеби нема да може да се совпадне со практичноста што ја нуди 308 SW, но оние кои ќе се одлучат за овој автомобил со задоволство ќе жртвуваат дел од капацитетот на багажот за стилот што го добиваат.

Од друга страна, внатрешноста во голема мера беше пренесена од 308. Ова не е нужно лоша работа бидејќи внатрешноста на кабината изгледа како да е преземена од концепт и/или некој луксузен автомобил.

Има екрани од 10 инчи и типично мал волан на Peugeot. Фантастичниот звучен систем Focal со 10 звучници (вклучувајќи сабвуфер) беше развиен во текот на три години специјално за новиот 408.

Peugeot првично ќе го продава новиот 408 во две plug-in хибридни опции. Двете верзии се со погон на предните тркала, опремени со осумстепен автоматски менувач и електричен мотор кој произведува 109 коњски сили (81 kW).

Она што ги издвојува е моќта на 1,6-литарскиот турбо бензинец, бидејќи овој мотор е достапен во опции со 150 и 180 КС.

Со комбинирана моќност на мотор со внатрешно согорување и електричен мотор, помалиот PHEV произведува 180 КС (133 kW) и 360 Nm вртежен момент.

Помоќната варијанта ја зголемува вкупната моќност на 225 КС (165 kW) додека го одржува истиот максимален вртежен момент.

Подоцна ќе биде понуден основен модел со помал, трицилиндарски 1,2-литарски бензински мотор кој нуди 130 КС (96 kW) и 230 Nm вртежен момент. И тука силата се испраќа на предните тркала преку осумстепен автоматски менувач.

Peugeot не планира да понуди дизел, но на повидок е чисто електрична верзија.

Новиот 408 треба да пристигне во европските салони на почетокот на 2023 година, кога ќе започне склопувањето во Франција.

Peugeot има намера да го понуди автомобилот на клиентите и во Кина, со локализирање на производството во фабриката во Ченгду. EV моделот се планира да пристигне неколку месеци по варијантите SUS и PHEV.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Авто новости

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Read more

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more
 

Автомобили

Mansory создаде специјален Rolls-Royce Cullinan за изложбениот салон во Дубаи

Читај повеќе

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе