Децата цртаат, тато фотошопира
Том Кертис од Лондон го отвори Instagram профилот Things I Have Drawn на кој објавува фотошопирани фотографии на животни и птици, но и луѓе и предмети, според тоа како неговите деца ги нацртале.
Дом (11) и Ал (8) цртаат, а тато фотошопира. Понекогаш Том ги „средува“ фотографиите и според цртежи на други деца, а резултатот секогаш е забавен.