Препознајте ги знаците на време

Децата не кажуваат дека се анксиозни, но тоа го покажуваат

Студија објавена во Институтот Child Mind покажа дека 10% од 30.000 испитани деца до 18 години во животот искусиле некој вид анксиозно нарушување. Од нив 80% притоа не добиле никаква помош или терапија.

Главната причина поради која не се третира анксиозност кај децата е што таа не се препознава, односно тешко е да се открие бидејќи децата ретко покажуваат чувства, најчесто затоа што ни самите не знаат да ги артикулираат и сфатат своите емоции.

Но, постои еден главен знак што може да укаже дека детето е анксиозно – болка во стомакот. Детето ќе се пожали на болка во стомакот и стомакот навистина ќе го боли, но причината може да биде од психичка природа. Родителот во вакви случаи би требало да разговара со детето и да се обиде да дознае од што се плаши.

Останати знаци на анксиозност кај децата се недостиг на апетит бидејќи анксиозноста ги намалува метаболизмот и дигестијата, постојан умор, проблеми со спиењето, главоболка, болка во градите и проблеми со дишењето.

Децата кои страдаат од анксиозност можеби ќе одбиваат да одат на училиште или да се дружат со пријатели, можеби нема да можат да се концентрираат и да одморат или пак ќе бидат многу раздразливи.

Причините за анксиозност се бројни. Кај најмалите, на возраст од шест месеци до три години има нагласен страв од одвојување, децата на предучилишна возраст може да развијат страв од различни животни, инсекти, од училиште или од темница, оние поголемите ќе се плашат од испрашувања во училиште, а ако имаат проблеми во комуникација со врсниците, ќе избегнуваат друштво.

реклама

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Read more

Том Хенкс со години се бори со тешка болест која ја добил поради улога

Read more

Зошто Германија и Јапонија сериозно се вооружуваат?

Read more

Пресврт - iOS 17 ги носи најбараните функции на iPhone

Read more

Здравје

Која е врската помеѓу витаминот Д и опаѓањето на косата?

Read more

Потврдено: Хормоналната контрацепција го зголемува ризикот од рак на дојка

Read more

Кои се последиците од долготрајниот стрес врз телото?

Read more

5 рани предупредувачки знаци за смртоносен инфаркт

Read more
 

Магазин

Месечен хороскоп за април: Три знака ќе имаат животен пресврт

Читај повеќе
  • filter

Хајди Клум – божица на црвениот килим

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате ако сакате рамен стомак?

Читај повеќе

Дали треба да позајмувајте пари на роднини и пријатели?

Читај повеќе

Зошто одлучив да немам деца?

Читај повеќе

Која е врската помеѓу витаминот Д и опаѓањето на косата?

Читај повеќе

Спанковците се поинтелигентни и посреќни од ранобудниците

Читај повеќе

Здравите деца мора да внесуваат глутен во исхраната

Читај повеќе

Потврдено: Хормоналната контрацепција го зголемува ризикот од рак на дојка

Читај повеќе