Децата од интервјуто за BBC добија своја анимирана серија
Дали се сеќавате на децата кои влетаа среде интервјуто на таткото за BBC?
Мерион и Џејмс Кели станаа интернет сензација по интервјуто што се пренесуваше во живо и сега се инспирација за нова анимирана серија.
Во серијата децата се викаат Мина и Џек и нивните анимирани ликови ја носат истата облека што ја носеа тие кога влетаа на фамозното интервју и го следат наоколу таткото, помагајќи му да се справи со разни „збрки и сплетки“.
„Авантурите на Мина и Џек“ е во продукција на Hans House Productions.