Интервју со Ана и Игор Дурловски

Децата се слика на едно семејство, а ние работиме таа слика да биде убава

Со Македонската оперска дива, колоратурен сопран со импозантна меѓународна кариера, добитничка на европскиот оперски оскар „Фауст“, првиот македонски оперски пејач што настапил на сцената на најголемата оперска куќа во светот „Метрополитен“ во Њујорк и Национален умерник - Ана Дурловски и нејзиниот сопруг, Игор Дурловски со нималку поимпресивна меѓународна кариера, оперски солист (бас и контра-тенор) и актуелен Директор на МОБ разговараме за нештата што ги поттикнувале и ги мотивирале да чекорат на патот кон успехот и непоколебливо да се борат за она што страсно го сакаат.

По 15 години живот надвор од Македонија, се враќаат за да се вгнездат тука, каде се светол пример за останатите што во нив гледаат двигател на позитивни промени

Како сте Ана и Игор, во каква емотивна кондиција ве затекнува овој разговор?

Игор: Емотивно сум стабилен, имам сопруга која ми ја дава сета поддршка и три ангели што ми го прават секој ден сé поубав.

Ана: Фала на прашање, добро сум, го живеам животот што го сакам, емотивно, семејно и професионално сум исполнета.

На што сте фокусирани моментно на професионален и на приватен план?

Игор: Зафатен сум со тековните активности во МОБ, дополнително сериозно сум посветен на Кастинг Талент шоуто што е во организација на МОБ, а се емитува секој работен ден на Канал 5 Телевизија, во кое бараме едно момче и едно девојче, што ќе бидат дел од мјузиклот „Тајно моја“, посветен на Тоше Проевски, а ќе биде поставен на сцената на МОБ во Март.

Ана: Јас сум во полна кондиција, во финални подготовки за изведбата на Лучија од Ламермур во МОБ на десетти декември каде ја толкувам главната улога, Лучија. Приватно и двајцата се трудиме да украдиме што е можно повеќе време за да го поминеме со нашите три деца.

По 15 години поминати надвор од Македонија, одлучивате да се вгнездите тука, но ангажманите остануваат интернационални и за двајцата. На што се темелеше оваа одлука?

Игор: Само дома си е дома. Знам дека многумина велат дека надвор е полесно и подобро, но тоа најчесто доаѓа од луѓе што не се пробале надвор. Ние бевме одлично прифатени, со супер кариерни достигнувања, но секогаш ни недостигаше топлината што ни ја дава Македонија.

Ана: Дури и кога живеевме во Германија, често доаѓавме тука, како растеа децата, сфативме дека на нашите деца им е потребно детство какво што има тука, а тоа во Германија го нема, па така тоа е и една од најголемите причини за враќањето дома.

Која е најголемата битка што сметате дека сте ја извојувале од сите предизвици со кои се соочувавте во животот?

Игор: Најголемата битка беше всушност одлуката да заминеме и да се бориме за простор на светските сцени. Тоа не е лесна битка.

Ана: На дневна основа, во светот, посебно на европските сцени се нудат нови и нови изведувачи, па така, да се стане првенец на европска оперска куќа за нас беше сериозна битка, од која за наша среќа излеговме како победници.

Вашите гласовни способности маѓепсуваат луѓе, но за што сé друго ја користите моќта на своето грло?

Игор: Гласот го негувам секојдневно и го употребувам на сцена. Но, исто така заедно со Ана предаваме на музичката академија во Скопје, па го користиме и таму на часовите со студентите.

Ана еднаш во контекст на одредени животни предизвици изјави „Кога ми е лошо, знам дека ќе ми биде добро“. Како да се постигне тој енергетски баланс, како да се биде толку над ситуацијата и да се остане самомотивиран и оптимистичен?

Ана: Секое лошо е за добро, тоа е наша стара поговорка. Така ме научи животот. Научив да гледам и одам напред, на секое лошо, да исправам глава горе и си велам, ајде, сега следи нешто многу убаво. Нашиот живот, уметничкиот, е навистина стресен, навидум личи дека е лесно, но сите патувања, подготовки за на сцена, тоа е се еден голем притисок, но како и сите уметници, и јас, живеам за аплаузот и овациите на крајот од изведбата.

Игор, кој е вашиот херој, кој е тој лик во животот што ја искористил моќта на своето грло и бил тригер кон првиот голем исчекор во вашата кариера?

Игор: Немам херој, ниту идол. Никогаш не сум ни трагал по херој, по чии стапки би се водел. Мои херои се членовите на моето семејство, мојот успех и успехот на Ана е наш заеднички, бидејки заедно поминувавме низ сите предизвици што ни ги приреди животот.

Што е она што сакате да му го дадете на светот, каков печат сакате да оставите, како луѓе и како професионалци?

Ана: Мислам дека поголем дел од таа наша мисија ја остваривме, двајцата имаме настапувано на многу светски сцени, и секаде каде што сме настапувале, кажуваме дека доаѓаме од Македонија. На светот му покажавме дека и во оваа мала земја, се раѓаат гласови за светските сцени. Нашето искуство и контакти ги употребуваме секојдневно за развој на уметноста и во нашата земја.

Како ги растете вашите деца, кои вредности сакате да им ги пренесете, што според вас е најважно да поседуваат како личности?

Ана: Секојдневно им посветуваме максимално внимание и ги учиме да бидат добри луѓе пред сé, а исто така и да ги почитуваат останатите во општеството. Ги учиме да водат здрав живот, често се во МОБ каде учат што е тоа уметност, хиерархија итн. Децата се слика на едно семејство, и ние работиме со нашите деца, таа слика да биде убава.

Игор: Нашите деца се карактерно различни, но како што кажа Ана, најважно за нас е да бидат добри, воспитани и културни.

Како успевате подеднакво да им се посветите на Максим, Лука и на Софија и да им обезбедите индивудуален пристап, давајќи им ја есенцијата од вашите колоритни карактери?

Игор: Секое дете е приказна за себе. Нема друга опција освен да им се посветите индивидуално и со подеднакво внимание за тројцата. Тогаш кога не можам да бидам дома, тие доаѓаат во МОБ, заедно следиме проби од претставите. Не влијаам на нивните одлуки што сакаат да станат кога ќе пораснат, сакам тоа да биде нивна одлука.

Ана: Иако Лука и Софија се близнаци, тројцата заедно се неповторлив тим. Сакам да ги научам дека тоа што сме Игор и јас, не е подарок од никого, дека само со труд и макотрпна работа, се станува респектиран член на ова општество.

*Промотивен текст

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе