Децата со прекумерна дебелина во ризик да развијат мултипла склероза

Децата со прекумерна дебелина може да бидат во поголем ризик во нивната рана зрелост да им биде дијагностицирана мултипла склероза, покажува нова студија.

Ризикот од дијагностицирање на мултиплс склероза (МС) се чини дека е двојно поголем кај прекумерно дебелите деца во споредба со оние што не се, објави шведската студија.

Академиците од Институтот Каролинска во Стокхолм анализирале податоци од шведскиот регистар на третман на дебелина кај деца. Базата на податоци, позната како Boris, е еден од најголемите регистри во светот за лекување на дебелината кај децата.

Истражувачкиот тим ги испита информациите за деца на возраст меѓу две и 19 години, кои беа внесени во регистарот помеѓу 1995 и 2020 година и ги споредија нивните информации со децата во општата популација. Нивната студија вклучуваше информации за повеќе од 21.600 деца со прекумерна дебелина, кои започнаа со лекување напрекумерната дебелина во просек од 11 години и нагоре, и од 100.000 деца кои не беа прекумерно дебели.

Децата вклучени во студијата што треба да биде претставена на Европскиот Конгрес за дебелина во мај, во Венеција, беа следени во просек по шест години. Просечната возраст на дијагноза на МС беше околу 23-годишна возраст.

„Еден од ефектите на дебелината во детството е тоа што предизвикува слабо, но хронично воспаление и ова воспаление го зголемува ризикот од развој на неколку болести како што е мултипла склероза“, рекоа авторите на студијата, професорката Емилија Хагман и професорот Клод Маркус.

За време на периодот на набудување, мултипла склероза беше дијагностицирана кај 28 прекумерно дебели испитаници, што претставува 0,13% од групата, и кај 58 лица без прекумерна дебелина, што сочинува 0,06% од групата.

реклама

Здравје

Болката и промените во стапалата можен знак за недостаток на важни хранливи материи

Read more

Алкохолот предизвикува најмалку седум видови рак

Read more

7 симптоми кои укажуваат на превисок шеќер во крвта

Read more

Зошто не треба да ги тргате белите „конци“ на бананите?

Read more
 

Магазин

Бела жена во САД роди црно дете: При вештачко оплодување била направена замена на примероците

Читај повеќе

Ослободете се од мувлата и непријатните мириси од машината за перење

Читај повеќе

Мистериозната танчувачка епидемија на Стразбур од XVI век

Читај повеќе

Три брачни совети кои треба да ги избегнувате во кризни ситуации

Читај повеќе

Болката и промените во стапалата можен знак за недостаток на важни хранливи материи

Читај повеќе
  • play_arrow

Американска храна што е забранета во други земји

Читај повеќе

Свински медалјони со печурки во зеленчуков сос

Читај повеќе

Алкохолот предизвикува најмалку седум видови рак

Читај повеќе

За кои сексуални проблеми луѓето најретко бараат помош?

Читај повеќе