Децата во Сирија организираа сопствено Светско првенство

Со цел да се обрне внимание на страдањата на Сиријците погодени од 11-годишната војна, на иницијатива на локална невладина организација во оваа земја, над 300 деца од северозападна Сирија почнаа свое Светско првенство во фудбал.

На стадионот во Идлиб, младите играчи поделени во 32 тима, кои ги претставуваат нациите квалификувани за СП во Катар, учествуваа на церемонијата на отворањето која посебно го отслика страдањето на децата. Во текот на војната во оваа земја загинаа околу половина милион луѓе, а раселени се неколку милиони.

Натпреварувањето е отворено со натпревар меѓу два тима кои ги претставија Катар и Еквадор, симулирајќи го воведниот меч одигран во Доха, во неделата.

„Тоа е отворање на Светскиот куп во кој учествуваа деца на возраст од 10 до 14 години“, изјави за AFP Виолета Ибрахим Сармини, координатор на невладината организација.

Од 32 тима кои учествуваат, 25 се составени од деца кои живеат во кампови за раселени лица во Идлиб, последното големо упориште на џихадистите и бунтовниците во Сирија. Преостанатите седум се составени од деца кои работат во индустриските зони на регионот.

„Јас ја претставувам Шпанија и се надевам дека наскоро ќе го освоиме Купот“, вели Басел Чејхо, 12-годишно дете кои работи во гаража.

„Покрај желбата да се поттикнат децата да се занимаваат со спорт, овој настан има за цел да го добие вниманието од меѓународната јавност за проблемите на младите раселени луѓе и работниците во групи кои се најмногу изложени на ризици кои понекогаш се фатални“, изјави Сармини.

Светското првенство во кампот ќе продолжи во текот на СП во Катар, а финалето ќе се одржи во кампот во Идлиб.

Тагови
реклама

Падна нов договор за цената на руската нафта

Read more

Експерименталната вакцина против ХИВ е успешна кај 97% од испитаниците

Read more

Нефудбалските моменти меѓу Србија и Швајцарија: Провокации на сите страни

Read more

Бојата на столицата може да открие дали имате висок холестерол

Read more

Фудбал

Шок за Бразил: Крај на Мундијалот за двајца репрезентативци

Read more

Моментот кога ни судијата не сака, ама мора да додели црвен картон

Read more

Нефудбалските моменти меѓу Србија и Швајцарија: Провокации на сите страни

Read more

Познати двојките од осминафиналето на Мундијалот во Катар

Read more
 

Спорт

Шок за Бразил: Крај на Мундијалот за двајца репрезентативци

Читај повеќе

Моментот кога ни судијата не сака, ама мора да додели црвен картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Нефудбалските моменти меѓу Србија и Швајцарија: Провокации на сите страни

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн го престигна Меџик Џонсон во победата на Лејкерс

Читај повеќе

Познати двојките од осминафиналето на Мундијалот во Катар

Читај повеќе

УЕФА почна истрага против Јувентус

Читај повеќе

Германците во шок: Ова е срамота и целосна катастрофа

Читај повеќе

Најтажната фотографија од СП во Катар

Читај повеќе

Како изгледаше најлудата група во историјата на Светските првенства?

Читај повеќе